Што се коњски сили?

shto-se-konjski-sili-povekjeЉубителите на автомобили најмногу се интересираат за коњските сили што ги има некој автомобил, но што тоа всушност значи? Научниците преку...

 

...оваа мерка сакале да се обидат да ја прикажат работата која коњот ја завршил и за колку време. Резултат на ова се коњските сили - KS.

Според таа приказна, за која се држиме и ден денес, е поставена и дефиницијата која објаснува како 1 коњска сила е = 75kg m/s (метар во секунда).shto-se-konjski-sili

Да го префрлиме тоа на поедноставен јазик: проечниот коњ кој би имал 1 коњска сила во состојба е еден предмет кој има тежина од 75 килограми да го подигне за 60 метри во рок од 1 минута.

Во поново време оваа мерка е заменета во вати (W) односно киловати (kW). Она што и понатаму претставува проблем е претворањето на тие вредности. Односно 1 KS = 0,735 kW, односно 1 kW = 1,359 KS.

Меѓутоа, ова опишување на силата не е доволно. Со цел бидат сите работи комплетни, потребна е уште една величина, а тоа е моментот на силата, или познат како вртежен момент (единица мерка Nm).

Тоа е всушност нешто што произведува сила на далечина на која делува на нејзината на оска на ротација.

Колку е поголем бројот на вртежи на моторот, јасно е дека ќе биде поголемо и согорувањето на горивото, а со тоа е произведено и поголемо количество на енергија.

Силата на моторот е важна за да знаеме дали некој автомобил ќе се движи брзо. Моментот ни е важен за да знаеме кога тој автомобил ќе се придвижи брзо.

Или, да поедноставиме, колку е поголем максималниот момент кој некој мотор го развива (при одреден број на вртежи), толку повеќе тој автомобил ќе „влече“ при помал број обртаи, бидејќи тој мотор ќе може да оствари поголема сила при помал број на вртежи.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg