Софистициран секојдневен спортист: Новата Opel Corsa турбо со 150 КС

Овој мал агрегат е совршен за љубителите на култниот минимализам - 110 kW/150 КС Corsa 1.4 Turbo. Новиот четирицилиндричен агрегат од петтата генерација на Corsa обезбедува супериорни возни перформанси: максималниот вртежен момент од 220 Nm, 8,9 секунди за забрзување од 0 до 100 km на час и максималната брзина од 207 км на час зборуваат за себе.

sofisticiran-sekojdneven-sportist-novata-opel-corsa-turbo-so-150-kc-01.jpeg

Останатите клучни податоци не се ништо помалку импресивни: и покрај провкласната испорака на моќ, новата Corsa 1.4 Turbo троши само 5,9 литри гориво на 100 километри во комбиниран режим, со издувување CO2 од само 136 g/km. Погонското портфолио на семејството на Corsa се проширува и на тој начин го пополнува просторот помеѓу новата генерација на турбоцилиндри 1.0 со 85 kW/115 КС и перјаницата во вид на  Corsa OPC 152 kW/207 КС со 1.6 турбомотор.

Додека Corsa OPC е достапнa исклучиво во каросериска варијанта со три врати, новиот, спортски 1.4 Turbo е достапен во верзија со пет врати, со атрактивна основна цена од 17.380 евра (18.130 евра за моделот со пет врати), со вклучен ДДВ во Германија. Купувачите на Corsa можe да избираат измеѓу две различни нивоа на опременост: младешка, свежа и спортска едиција Color и софистицирана, богато опремена верзија Innovation. За оние кои сакаат однадвор да ја покажат внатрешната вредност на Corsa со 150 КС, Opel нуди пакет Turbo Plus со харизматични OPC визуелни атрибути.

„Ние сакавме Corsa која ги спојува спортските аспекти со секојдневната употребливост за многу атрактивна цена. Во секој случај, тоа го постигнавме со моделот 1.4 Turbo со 150 КС“, вели Петар Кристијан Кисперт, заменик-претседателот за продажба и постпродажни активности на групацијата Opel, опишувајќи го најновиот член на семејството на мали автомобили. „Новата Corsa 1.4 Turbo е совршен додаток на нашето портфолио. Клиентите можат да избираат помеѓу спортскиот, свеж модел со три врати и луксузната верзија со пет врати за целото семејство.“

Динамичен, свеж, спортски: Tурбо со 150 КС и ниска потрошувачка на гориво

При конфугурирањето на агрегатот, инженерите на Opel се фокусираa на спојување на забавното возење и економичната потрошувачка. Турбомоторот со зафатнина од 1.4 литри со 110 kW/150 КС испорачува максимален вртежен момент од 220 Nm при 3.000 и 4.500 врт./мин. Рачниот пренос со 6 степени е мек и прецизен при испораката на моќност во предните тркала. Вака опремена, Corsa забрзува од 0 до 100 km на час за само 8,9 секунди, а за меѓузабрзувањето помеѓу 80 и 120 km на час во петта брзина потребни ѝ се 9,9 секунди, што е многу важно во случај на претекнување. Максималната брзина е 207 km на час.

Спортските перформанси се здружени со ниската потрошувачка на гориво, меѓу другото, благодарение на системот старт/стоп на Opel, кој е дел од стандардната опрема и особено исплатлив во градскиот сообраќај „тргни-застани”. Corsa 1.4 Turbo со три врати троши само 5,9 литри гориво на 100 километри и испушта само 136 g/km CO2. Двете усогласени брегасти оски на овој мотор според стандардите Euro 6 обезбедуваат континуирана варијабилна работа на вентилот и турбополначот кој е интегриран во издувниот колектор, што ја намалува вкупната маса и придонесува во овој компактен „пакет". На масата на возилото дополнително е заштедено со користење на метален блок за моторот од леано железо со рамка со шуплива структура, шупливи осовини и пластична издувна цевка.

sofisticiran-sekojdneven-sportist-novata-opel-corsa-turbo-so-150-kc-02.jpg

Динамична, практична, модерна: спортски амбиент, и одвнатре и однадвор

Многу простор за пет лица, до 1.120 литри капацитет на багажниот простор, со должина од само 4,02 метри - Corsa 1.4 Turbo ги отелотворува сите доблести на сопственото семејство и обезбедува простор во рамки на компактните димензии, исто како и сите други членови на моделската линија. Дополнително, едицијата Color може да се пофали со сеопфатната стандардна опрема со дополнителна спортска нота. Внатрешноста се одликува со спортски, алуминиумски педали и затемнети задни стакла „Solar Protect“, кои ја апсорбираат топлината, додека контролите за радио и темпоматот на воланот додаваат дополнителна удобност.

Што се однесува до екстериерот, црниот покрив со висок сјај, како и маската на ладилникот и хромираниот крај на издувната цевка, ставаат акцент на спортскиот изглед, додека светлата за магла во хром верзија го нагласуваат тој впечаток. Оваа Corsa доаѓа со стандардни 17-инчни тркала и двобојни фелни од легура на титаниум. Со пакетот Sport Stripes White, без доплата, фелните доаѓаат во бела боја.

Варијантата INNOVATION го нагласува луксузот, со хромирани рамка на прозорците (верзија со пет врати) и хромирани рачки на вратите, кои го нагласуваат софистицираниот изглед. Амбиенталното осветлување во кабината создава посебено чувство. Релаксирачко возење со одлична прегледност е загарантирано преку употребата е биксенонски фарови со аголни светла, дневни светла LED, систем за автоматско спуштање на долгите светла со препознавање на тунел, сензор за дожд и внатрешни ретровизори со автоматско затемнување.


Остра, бескромпромисна, возбудлива: пакет Turbo Plus за обожавателите на Corsа OPC

За љубителите на изгледот OPC, Opel во својата понуда го стави пакетот Turbo Plus  за 800 (модел со пет врати) односно 950 евра (модел со три врати). На овој начин, Corsa 1.4 Turbo непогрешливо ги покажува својата внатрешна квалитети, така што секој може да ги препознае и од надвор. Атрактивниот изглед е нагласен со предниот и задниот спојлер на линијата OPC, страничните прагови, а моделот со три-врати поседува и дополнителен спојлер на покривот од линијата OPC. Страничните ретровизори и решетката на ладилникот во „карбонски" изглед го комплетираат „остриот" изглед на Corsа. Внатрешноста го поздравува возачот со линијата OPC со спортски управувач, рачка на менувачот обложена во кожа и рачна сопирачка која, исто така, е обложена со мека црна кожа. Опционалните спортски седишта Recaro дополнително придонесуваат за „тркачкиот“ амбиент во внатрешноста на кабината. Вака „униформираната“ Corsa со 150 КС зрачи со спортско чувство за време на секојдневното возење по прифатлива цена

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg