Новата Fiesta “оди како алва“

novata-fiesta-odi-kako-alva-povekjeТочно една година од почетокот на продажбата, Ford во октомври ќе испорача половина милион автомобили од новиот модел Fiesta, шестата генерација...

 

...соопштуваат од американската компанија.

Во соопштението исто така се додава и дека во текот на септември оваа компанија на најважниот пазар во Европа остварила удел од 9,2 проценти, што е најдобро постигнување за компанијата од 1999 година па наваму.

Најмногу нови модели на Fiesta се продадени во Европа и тоа околу 450.000 примероци, додека околу 50.000 примероци од истиот модел се продадени во азиско-пацифичкиот регион.

Веќе следното лето се планира да започне продажбата на новата Fiesta во Северна Америка, каде веќе има 50.000 сигурни потенцијални купувачи.

Најновиот модел Fiesta веќе е носител на неколку угледни признанија. Неколку публикации во В.Британија веќе го прогласија овој автомобил за автомобил на годината, а истата титула автомобилот ја понесе и во Шкотска.

novata-fiesta-odi-kako-alva

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg