Volkswagen Tiguan доби нова палета на мотори и нови системи

Веќе седум години, Tiguan е еден од најпосакуваните модели на Volkswagen во светски рамки. Volkswagen за новата моделска година кај Tiguan ја обнови клучната спецификација на опрема. Заедно со новата генерација на мотори, компактниот SUV отсега може да се пофали и со ново радио и нов навигациски систем.

volkswagen-tiguan-dobi-nova-paleta-na-motori-i-novi-sistemi-01.JPG

Tiguan повеќе од седум години е еден од глобално најдобро продаваните модели на Volkswagen. Популарниот модел наменет за сите терени повторно ги подигнува стандардите со своите модернизирани мотори: за почеток 2.0 дизелските агрегати  ќе имаат поголема моќ. Излезната моќ од 103 kW ќе се зголеми на 110 kW, додека пак моторот со излезна моќ од 130 kW сега ќе испорачува дополнителни 5 kW односно 135 kW. Во исто време, емисијата на CO2 се намалува до 17 g / km, a сите мотори ќе ги исполнуваат EU6 стандардите.

Најновата генерација на забавно информативниот систем,  кој сега се вградува во Tiguan, исто така е значително е надграден. Претходниот радио системи се заменува со Composition Colour и Composition Media (кои вклучуваат екран во боја чувствителен на допир, осум звучници и повеќе можности за поврзување со надворешни уреди). Достапен е и новиот навигациски систем Discover Media, кој доаѓа како стандард со новите онлајн услуги на Volkswagen пакетот Guide & Inform

Composition Colour и  Composition Media, со опција да се нарачаат со апликација за поврзување. Со таа функција, Volkswagen овозможува поврзување со широк спектар на апликации за паметни телефони од Google и Apple. Исто така постои опција за додавање на Media Control. Оваа нова апликација помага забавно информативниот систем побрзо да се поврзе и да се контролира со таблет дури и од страна на патниците на задните седишта.

2.0 TDI 110 kW / 150 КС - Потрошувачката: 5,7 - 5,0  l на 100 km, CO2: 150-130 g / km, класа на ефикасност: B

2.0 TDI 135 kW / 184 КС - Потрошувачката: 5,8-5,7 l на 100 km, CO2:151-150 g / km, класа на ефикасност: B

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg