Карактеристичен изглед, нов мотор и подинамични перформанси на надградениот Kia cee’d

Франкфурт, 31 август 2015– Kia Motors Европа изведе сеопфатна надградба на популарниот Kia cee’d, модел кој е најзаслужен за континуираниот успех на компанијата во Европа во последниве неколку години. Со подинамични перформанси и карактеристичниот стил на Kia, надградениот cee’d им нуди на купувачите автомобил кој ќе ги задоволи постоечките стандарди за квалитет и дизајн наметнати од европските купувачи.

karakteristicen-izgled-nov-motor-i-podinamicni-pefrormansi-na-nadgradeniot-kia-ceed.jpg

Европските дизајнери на Kia му дадоа на дизајнот на надворешноста и внатрешноста на моменталниот cee’d нов и возбудлив изглед, а нашите механичари создадоа поголем избор на мотори и менувачи. Во подобрувањата се вклучени и новиот 1.0-литарски T-GDI мотор на Kia со три цилиндари, како и многубројните нови безбедносни и комфорни надградби. Промените се направени на сите модели на cee’d, вклучувајќи ги и cee’d hatchback со 5 врати, Sportswagon и pro_cee’d со три врати.   

Промените што се направени на cee’d вклучуваат и многубројни визуелни и динамични подобрувања на првокласните модели cee’d GT и pro_cee’d GT. Иако веќе се наоѓаат меѓу автомобилите што најдобро изгледаат во категоријата C- ‘hot hatch’, овие промени уште повеќе ќе ги привлечат купувачите да ги изберат GT моделите.

Надградениот модел доаѓа со нова ‘GT Line’ спецификација, со што им ги нуди на купувачите спортскиот изглед и динамиката на GT моделите и сестраноста на конвенционалните модели од семејството cee’d. GT Line спецификацијата е достапна за сите три типови на cee’d: cee’d со 5 врати, cee’d Sportswagon и pro_cee’d со 3 врати..

Овие надградби на Kia cee’d доаѓаат откако Kia постигна неверојатно достигнување, невидено во историјата на моделот. Од почетокот на производството во 2006, во мај 2015 се обележа пуштањето во продажба на милионитиот Kia cee’d, произведен од  Kia Motors во Европа. Овој модел има значајна улога во постојаниот раст и успех на Kia од неговото воведување пред 9 години. Милионитиот cee’d што излезе од европската производствената линија на Kia беше првокласен Kia cee’d GT hatchback со 5 врати и бисерно бела боја. Автомобилот и неговиот 204 ps, 1.6-литарски T-GDI мотор (турбо бензинец со директно вбризгување) беа произведени во Словачка, а наменети за купувач од Холандија.


Надворешен стил: помодерен изглед

Надградениот Kia cee’d го наследува храбриот, карактеристичен стил на моменталниот модел, но воведена е серија визуелни модификации за модернизирање на изгледот на автомобилот.

На предниот дел cee’d продолжи со изгледот што се покажа многу популарен кај европските купувачи, задржувајќи ги заштитните знаци како тигарската маска и елегантните заоблени фарови со интегрирани магленки. Промените на “лицето’’ на cee’d вклучуваат повеќе аголен и поширок браник, со хромирана рамка околу магленките и нова овална решетка на предниот дел од автомобилот во која се претставени многубројни облици и форми.

Слична промена е направена на задниот дел од cee’d, со браници со различна форма и спортски рефлектори што додаваат волумен и јачина на изгледот на автомобилот. Задните LED фарови го комплетираат задниот дел од автомобилот и ја зголемуваат префинетоста, истовремено надградувајќи го ноќниот систем за осветлување на cee’d. Кај новите модели се достапни и нови, стилски дизајни за 16 и 17 инчните алуминиумски тркала.


Суптилни стилски промени во внатрешноста и подобрен NVH

Високо квалитетната кабина на Kia cee’d доби повеќе помали стилски надградби за да се надополни едноставната елеганција на внатрешниот дизајн. Основната форма на кабината останува непроменета, но бројните суптилни подобрувања придонесуваат за помодерниот изглед на внатрешноста. Новите дополнителни пакети со бои само ја зголемуваат привлечноста на новиот cee’d.

Несиметричната инструмент табла насочена кон возачот добива хромирана рамка околу инструментите, вентилациските отвори и горниот дел на контролната табла. Централниот панел има високо квалитетен црн и сјаен финиш против гребаници со што се комплетира премиум изгледот. Низ кабината се додадени и други хромирани рамки, особено околу основата на менувачот, на рачките на вратите и контролите на инструмент таблата.

Новиот Kia cee’d 2016 ќе биде достапен со нов пакет бои за внатрешноста, односно достапен е нов кафен пакет со елегантни кафени ткаенини на седиштата и вратите.

За дизел моделите, надградената внатрешност на cee’d нуди подобрено ниво на бучава и вибрации. За подот и вентилацискиот систем се обезбедени дополнителни материјали за звучна изолација, додека на инструмент таблата е додадено двојно повеќе пена против вибрации за да се намалат вибрациите на моторот во кабината. Сите дизел мотори се опремени со материјали за звучна изолација на моторниот блок, резервоарот за масло и дизел филтерот за честички.


Надградениот опсег на
Euro 6 мотори вклучува целосен нов 1.0-литарски T-GDI мотор

Надградениот cee’d нуди поголем избор на преноси, а сите мотори се во согласност со Euro 6 стандардот за емисии.

За лансирањето на новиот cee’d во 2016, Kia го воведува целосно новиот 1.0-литарски ‘T-GDI’ мотор (турбо бензинец со директно вбризгување). Овој нов мотор со три цилиндари е создаден за да ја подобри потрошувачката на гориво и да ги намали емисиите, а истовремено да понуди моќни перформанси и навремени реакции според инструкциите на возачот.  

Новиот турбо мотор на Kia, развиен во R&D центарот на компанијата Namyang во Кореја, се одликува со систем за директно вбризгување со висок притисок, напреден систем за ладење, вграден ауспух за почисти емисии и поголема ефикасност. Навремените реакции на моторот заедно со високо ефикасното согорување беа главни цели при развојот на моторот, со што се следи еколошката стратегија на Kia за производство на мотори.

Овој мотор е прв од новиот опсег мотори на Kia што ќе го има своето деби во Европа и ќе бидат достапни два типа. Основниот модел има 100 коњски сили и вртежен момент од 172 Nm, додека помоќниот 1.0-литарски T-GDI модел има 120 коњски сили и ист вртежен момент од 172 Nm. Максималните вртежи на моторот се движат од 1,500 дo 4,000 вртежи во минута, со што се добива неверојатно флексибилен мотор за сите услови. На крајот од оваа година треба да се добие хомологизацијата и се очекува дека и двата модела на моторите (100 и 120 коњски сили) ќе имаат најниски емисии на CO2 од кој било бензински мотор на cee’d досега.

Дизелската верзија на cee’d е е популарен избор кај европските купувачи. 1.6-литарскиот CRDi дизел мотор е исто така надграден за примената во новиот модел, со нов систем за вбризгување со висок притисок и пумпа за масло со постојана контрола, со што се намалуваат загубите поради фрикцијата во моторот. Помалку моќната верзија од 110 коњски сили е достапна со стандардниот cee’d и со новите модели со GT Line. CO2 емисиите се намалуваат на 102 g/km или само 94 g/km кога ќе се постави Kia ISG (интелигентен стоп/старт систем).

Достапен и за надградениот cee’d опсег и за новата варијанта со GT Line , помоќниот 1.6 CRDi мотор има 135 коњски сили (за разлика од претходните 128) и вртежен момент од 285 Nm (подобрено од 265 Nm). Со малото зголемување на перформансите, целосниот вртежен момент на моторот е достапен со 1500 (намалено од 1900, доколку е поставен рачен менувач) со што се добива полесно забрзување при сите услови.

Kia cee’d ќе биде достапен и со 128 ps 1.6-литарските GDI и 100 ps 1.4-литарските MPI  бензински мотори, како и со популарниот 1.4-литарски CRDi дизел мотор. Сите мотори се во согласност со Euro 6 стандардот за емисии.


Целосно нов менувач со седум брзини и двојно квачило

Надградениот cee’d ќе биде опремен со втората целосно нова технологија на Kia што го има своето деби, односно целосно новиот менувач (DCT) со седум брзини и двојно квачило, достапен ексклузивно на модели опремени со помоќниот 136 ps 1.6-литарскиот CRDi дизел мотор. Новиот менувач на Kia полесно се справува со повисокиот вртежен момент на модифицираниот мотор на надградениот cee’d, со поголем капацитет во споредба со претходниот автоматскиот менувач со 6 брзини.   

Како и новиот 1.0-литарски T-GDI мотор, и новиот менувач е целосно развиен од Kia и е произведен со помала потрошувачка на гориво. Возењето во рачниот режим се карактеризира со поголемо спортско доживување, додека возењето во автоматскиот режим нуди поголема леснотија и комфор.

Со новиот DCT менувач возачите ќе можат побрзо да менуваат брзини во споредба со автоматскиот менувач, а истовремено ќе имаат и помали трошоци. Кога новиот DCT менувач ќе се постави на 1.6-литарскиот CRDi мотор се добиваат јаглеродни емисии од само 109 г/км во споредба со 145 г/км добиени од претходниот мотор заедно со автоматскиот менувач со 6 брзини.

Поширокиот опсег на cee’d ќе продолжи да се нуди со рачниот менувач со 6 брзини, а 1.6-литарскиот GDI мотор ќе биде достапен со менувач со 6 брзини и двојно квачило.


Подобрен комфор, управување
, NVH

Инженерите направија бројни модификации на амортизацијата и шасијата на надградениот cee’d со цел да го подобрат комфорот и управувањето при возењето, овозможувајќи му на автомобилот подинамични перформанси.

Основната надградба на cee’d е поставувањето на нов систем за вртежен момент, кој го намалува недоволното вртење на автомобилот со делумна примена на сопирачката на внатрешното тркало при вртење во кривини. Системот за управување напојуван од моторот постигнува полинеарни и попредвидливи движења, додека промените на геометријата на предните тркала го подобрија центрираното управување. Новите стопирачи на задните лежишта за амортизерите и новиот надворешен зглоб на задниот стабилизатор помагаат да се подобри комфорот при возењето на лоши терени со минимизирање на вибрациите преку амортизацијата.

NVH карактеристиките на амортизацијата во новиот cee’d се исто така подобрени со примена на празен стабилизатор, како замена за претходниот цврст стабилизатор, за да се намали бучавата при патувањето.


Новите безбедносни карактеристики вклучуваат нови технолошки функции на Kia

Развојните тимови на Kia додадоа многубројни, нови, комфорни и безбедносни функции за дополнително подобрување на модерниот, високо технолошки изглед на Kia cee’d.

Безбедноста е приоритет за Kia, а популарниот cee’d е сега достапен со опционална функција за ограничување на брзината (SLIF), која користи камера за да ги препознае знаците за ограничување на брзината и ги прикажува до брзинометарот и на екранот за навигација. Достапни се и функциите за надгледување на слепа точка (BSD) и предупредувања за движењата на автомобилите зад вашето возило (RCTA). Овие функции користат сензори за да ги надгледуваат страничниот и задниот дел на возилото и го предупредуваат возачот преку звучни или визуелни сигнали доколку некое возило се наоѓа во слепата точка.  

Возачите на новиот cee’d 2016 ќе можат полесно да се паркираат со надградениот интелигентен систем за помош при паркирање (SPAS), во зависност од пазарот. SPAS користи странични ултразвучни сензори, предни и задни сензори за паркирање, како и електричен систем за управување за да препознае соодветно место за паркирање и автоматски да го насочи автомобилот кон избраното место. Во новиот cee’d, системот, освен паралелно паркирање, може да го паркира возилото и на паркинг место под 90 степени. Функцијата за излез од паралелно паркинг место му овозможува на cee’d полесно да излезе од тесни паркинг места.

Надградениот cee’d е опремен со најновиот аудио визуелен навигациски систем (AVN) на Kia за помодерен изглед на 7 инчниот екран на централната конзола. AVN системот поддржува поврзување дигитално радио, што е достапно на бројни европски пазари.   

Новина на надградениот cee’d е новиот навигациски систем со различни опции на  Kia, пакет што нуди многубројни ажурирани информации што ќе му бидат од корист на возачот. Овозможени од технолошката компанија TomTom, новите функции вклучуваат ажурирани информации за сообраќајот, предупредувања за камери за проверка на брзината, локално пребарување и временски прогнози. Со прикажување корисни информации во реално време, овие функции на Kia ќе ги зголемат безбедноста, комфорот и уживањето за секое патување. Во Европа системот ќе биде бесплатен за купувачите на cee’d, 7 години по купувањето на автомобилот. Во текот на оваа година во Европа ќе бидат достапни новите технолошки функции на Kia што ќе бидат применети во сите модели на новиот cee’d заедно со новата GT Line спецификација.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg