Nissan Leaf - прв 100% електричен автомобил набавен за градската администрација

Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набави патнички автомобил на електричен погон (електромобил) за потребите на градската администрација. Новото електрично возило Nissan Leaf денеска /22.01.2016 година/ го промовираа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и претставникот на ТД КАДИС ДОО – Мишо Ѓеоргиев.

nissan-leaf-prv-100-elektricen-avtomobil-nabaven-za-gradskata-administracija-01.jpg

Од 2010 год наваму, Nissan LEAF е првиот 100% електричен автомобил кој стои цврсто на пиедесталот на продажбата на електрични автомобили со продадени над 200,000 единици.

“Easy to be green” или потполно еколошки, нуди простор и обсег за да се задоволат секојдневните потреби, а исто така обезбедува ислучителна вредност на нула трошоци за гориво, пониски оперативни трошоци и трошоци за одржување.

Во поглед на капацитетот на батеријата, истата е 30KWh, со моќ на мотор од 80 KW. Она што е карактеристично за сопственик на модел LEAF е дека со една полна батерија може да вози до 200 км, а по однос на принципот на полнење има 3 начини. Домашно полнење со оригинал NISSAN приклучок, брзо полнење како и полнење на обичен домашен приклучок. По однос на ценовната споредба , како една од предностите на моделот е штедливо возење и тоа со само 120 ден за 100 км и тоа на скапа струја или 60 ден за 100 км на ефтина струја.“ изјави г-динот Мишо Ѓeоргиев претставник на компанијата ТД КАДИС ДОО.

nissan-leaf-prv-100-elektricen-avtomobil-nabaven-za-gradskata-administracija-04.jpg

Инаку од моментот на појавување на сообраќајната лента, LEAF континуирано се прославува низ светот собирајќи повеќе од 92 награди вклучувајќи и Автомобил на годината во Јапонија и Автомобил на годината во Европа, како и освојувањето на престижната титула Автомобил на годината во светот.

NISSAN како бренд инвестира повеќе од 500 милијарди евра во проекти за електрични автомобили остварувајќи ги смелите планови да се проширува еквивалентно на растот на побарувачката од страна на потрошувачите за чисти, ефикасни и еколошки автомобили.

nissan-leaf-prv-100-elektricen-avtomobil-nabaven-za-gradskata-administracija-02.jpg

nissan-leaf-prv-100-elektricen-avtomobil-nabaven-za-gradskata-administracija-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg