Пристигна новиот Renault MEGANE

Eксклузивниот импортер и сервисер на брендот Renault во Македонија – Aутомотив Груп по регионалната промоција во Ровињ, Хрватска го изложи најновиот модел на својата гама - MEGANE. Оваа четврта генерација на компактот на францускиот гигант го краси салонот со атрактивниот дизајн, квалитетната изведба и врвната технологија.

pristigna-noviot-renault-megane-01.jpg

Елегантните форми, префинетите линии и безкомпромисните можности му даваат на новиот Renault MEGANE препознатлив дизајн и самоуверен стил. Единственото задоволство при возењето е овозможено од бројните карактеристики меѓу кои и управувањето на сите 4 тркала со технологијата 4Control® што придонесува за неверојатна подвижност. За се останато се грижи шасијата на Renault SPORT.

Внатрешноста ја краси врвната технологија со 8,7'' екран чуствителен на допир со системот R-link 2® како и електричниот поклоплив head-up екран.

Системот Multi-Sense®со начинот “Comfort”, “Neutral”, ”Sport”, ”Perso” и “Eco” се прилагодува и го поставува автомобилот согласно моменталните желби на возачот. Влијае на техничките поставувања и искуството на амбиентот во зависност од тоа дали е спортски, смирен или расположен за релаксација.

pristigna-noviot-renault-megane-02.jpg

Oпремен е со бројни системи за помош при возењето:

  • Предупредувачот за пречекорување на брзината е со препознавање на сообраќајните знаци и head-up екран;
  • Easy Park Assist - Систем за слободно паркирање;
  • Систем за контрола на мртвиот агол;
  • Активен темпомат - Системот автоматски ја прилагодува поставената брзина на возење, за да ја зачува безбедносната оддалеченост на примерно растојание.

Новиот MEGANE овозможува несекојдневно звучно и сетилно доживување. Звукот по мерка, кој беше посебно вграден е остварување на тесната соработка помеѓу инженерите на друштвото BOSE® и Renault. Централниот преден звучник, осум висококапацитетни звучници, што се распоредени во патничнкиот простор и длабокотонецот што е сместен во багажникот овозможуваат прецизно емитување на секоја нота и детали од избраната музика.

Со обединувањето на иновативните технологии со Energy моторите значајно се променија досегашните стандарди. Со нивна помош Renault MEGANE е меѓу најдобрите во класата на потрошувачка на гориво и емисија на CO₂ при што удобноста при возењето остана непроменета. Најмоќниот мотор во понудата е 205 EDC so 7 автоматски менувач со двојна склопка, Energy dCi 110 S&S, Energy TCe 130 S&S, додека пак се достапни моделите со верзии Life, Life Energy, ZEN Energy, ZEN SCe, Intens Energy, GT Line Energy, BOSE® Energy, GT, GT LINE Energy.

pristigna-noviot-renault-megane-05.jpg

pristigna-noviot-renault-megane-06.jpg

Повеќе информации во однос на моделот може да најдете на овој линк, како и на Facebook фан страната Renault Sport Macedonia.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg