Нова шминкерска Toyota

nova-sminkerska-toyota-povekjeПо кој знае колку години, конечно се појави достојна замена на популарната Celica, која и денес неретко може да ја видиме по нашите улици. На саемот...

 

...во Токио претставен е автомобил со генеричко име FT-86.

Станува збор за купе модел кој е вистинска ѕвезда на автомобилското шоу. Од Тојота тврдат дека ова е само прв производ од низата модели кои со своите перформанси ќе ја променат сликата за компанијата.

nova-sminkerska-toyota-1

Прикажаниот модел имал вграден 2,0 литрен бокстер мотор кој настанал како резултат на соработката на Тојота со Субару, така што во овој сегмент не би требало да се појавуваат проблеми. Тие се одлучиле за погон на задните тркала.

nova-sminkerska-toyota-2

Моторот развива сила од 200 KS која е сосема доволна за повеќе од доволни перформанси. Со моторот е поврзан и посебно изработен менувач, за да може оваа сила да се користи оптимално.

nova-sminkerska-toyota-3

Менувачот е дело на јапонската компанија Aishin која е задолжена за менувачот во луксузниот Lexusu LF-A модел. Резултат на сето ова е забрзување до 100km/h за помалку од 7 секунди и максимална брзина од 225km/h.

Првите сериски примероци се очекуваат во 2012 година по цена од околу 30.000 евра.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg