5 знаци на замор кај возачите - игнорирањето може да чини живот

Ако чувствувате некои од овие симптоми, време е да запрете со автомобилот и малку да се одморите на страна од патот.

5-znaci-na-zamor-kaj-vozachite-ignoriranjeto-moze-da-chini-zivoti-01.jpg

Дали и вас секојдневно ве ежат вестите за повредени и загинати лица во сè поголемиот број на сообраќајни незгоди во Македонија? Невнимателното и неодговорно возење ни носи огромен број на жртви.

Истражувањата покажуваат дека од 10% до 30% од сообраќајните незгоди низ целиот свет се случуваат поради истоштеност на возачите или заспивање пред воланот.

Проблемот е што луѓето не можат да ја почувствуваат границата од обичен замор до состојба кога едноставно заспивате од премореност.

Кога и да седнете зад воланот, особено на долги патувања, мора да внимавате на овие сигнали:

Ефектот на тешки очни капаци

Кога сте уморни ви станува потешко да ги отворите очите при стандардното трепкање. Тоа се случува брзо и може да не го забележите.

Но, ако стане очигледно тогаш посочува на постепено исклучување на мозокот и најдобро е да се паркирате некаде и да одморите малку.

5-znaci-na-zamor-kaj-vozachite-ignoriranjeto-moze-da-chini-zivoti-06.jpg

Оптичка илузија

Кога се приближувате до нив предметите се нешто друго, а не тоа што првенствено сте го перципирале или пак воопшто не постојат.

Тоа значи дека вашиот мозок е на границата помеѓу реалноста и сонот и не ги процесира добро информациите.

5-znaci-na-zamor-kaj-vozachite-ignoriranjeto-moze-da-chini-zivoti-05.jpg

Тешко ви е да го фокусирате погледот

Не само што ви е тешко да ги држите очите отворени и да гледате што има пред вас, туку тешко ви е и да ги перципирате и запомните информациите на контролната табла.

Патот пред вас ви изгледа матен.

5-znaci-na-zamor-kaj-vozachite-ignoriranjeto-moze-da-chini-zivoti-04.jpg

Мислите ја губат јасноста

Мозокот како да ви одбива да учествува во дискусијата со совозачот или ако патувате сами мислите ви ја губат јасноста и немаат смисла.

Ако некој патува со вас може да ви ја провери состојбата така што ќе ви постави некое прашање од типот: „Колку километри има од Скопје до Охрид“ или „Каде планираш да одиш на летен одмор“. Одговорите ќе откријат каква е состојбата на возачот.

5-znaci-na-zamor-kaj-vozachite-ignoriranjeto-moze-da-chini-zivoti-03.jpg

Намалено ниво на внимателност

Неколку пати по ред ги прекршувате сообраќајните правила... Не застанувате на црвено, не се сеќавате кој беше последниот сообраќаен знак на патот.

Време е да запрете со патувањето, дури и да ви изгледа дека можете да минете уште сто километри без проблем.

5-znaci-na-zamor-kaj-vozachite-ignoriranjeto-moze-da-chini-zivoti-02.jpg

Совети за безбедно патување:

1. Правете паузи на секои час и половина или два часа и танцувајте. Танцувањето ќе ви ја забрза циркулацијата на крвта, ќе ве расположи и нормално со тоа ќе ве расони.

2. Земете портокали за по пат и кажете ѝ стоп на брзата храна. Мирисот на портокалите дава ефект на возбуда, а брзата храна ви носи поспаност.

3. Слушајте енергична музика. Баладите се за романтика покрај каминот, за по пат направете плеј листа со брзи песни.

4. Тишината во автомобилот ќе ве направи поспани. Затоа не му дозволувајте на совозачот да спие, туку дискутирајте со него некои интересни теми.

5. Ако сте сами не смеете да му дозволите на мозокот да биде мрзелив. Затоа поставувајте си математички задачи со собирање и множење или пак размислувајте кои се главните градови на државите низ светот.

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg