Виктор Давидовски и ‘PSS Racing Team’ се прв македонски тим на Европскиот TCR шампионат


Виктор Давидовски и ‘PSS Racing Team’ се прв македонски тим на Европскиот TCR шампионат

Овој викенд во Тренд Гастро Бар со свечена промоција на PSS Racing Team, Виктор Давидовски и новото возило Honda Civic Type R започна новата приказна / етапа во македонскиот спортски автомобилизам.

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--17.jpg

По минатогодишната, десетта по ред шампионска титула, Давидовски и PSS Racing Team искачуваат уште едно скалило погоре, а тоа е учеството на Европскиот TCR шампионат.

Оваа година тој ќе биде дел од познатата „TCR“ серија, односно Европското првенство со туринг возила, со што неговата кариера ќе стане вистински интернационална.

2018та година носи многу предизвици за Виктор, PSS Racing Team-от, но и за Македонија.

Сезоната на Европскиот TCR шампионат започнува следниот месец, со трката на стазата PAUL RICARD на 4-6 мај во Франција, по која ќе следи трката на 20-21 мај на стазата CIRCUIT ZANDVOORT во Холандија.

Во периодот јуни-октомври е закажана по една трка месечно, и тоа на 9-10 јуни на стазата CIRCUIT DE SPA-FRANCORCHAMPS во Белгија, на 7-8 јули на стазата HUNGARORING во Унгарија, на 18-19 август на стазата TT CIRCUIT ASSEN во Холандија, на 22-23 септември на стазата AUTODROMO DI MONZA во Италија и на 20-21 октомври на стазата CIRCUIT DE BARCELONA CATALUNYA во Шпанија.

На свечената промоција вљубениците во автомобилизмот, големите брзини и адреналинот имаа можност одблизу да ја видат моќната машина на новото возило Honda Civic Type R со кое Давидовски ќе настапува на тркачките патеки ширум Европа, рамо до рамо со етаблираните европски тимови.

Со оваа значајна вест се одбележа и 20 годишнината од постоењето на PSS Racing Team и се потенцираше значењето на овој спорт за Македонија.

Од големо значење за Македонија и овој спорт е фактот што зад Европската TCR серија стои медиумскиот спортски гигант Eurosport Events, па настапите на Давидовски ќе бидат пренесувани на преку 50 мрежи ширум светот, а нам ни останува будно да ги следиме и да ја дадеме својата поддршка на првиот македонец кој ќе ги дели тркачките патеки, рамо до рамо со етаблираните европски тимови.

Настапите и резултатите на PSS Racing Team и Виктор Давидовски следете ги на официјалниот веб сајт и официјалната Фејсбук фан страна.

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--01.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--02.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--06.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--09.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--10.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--12.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--13.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--14.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--18.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--22.jpg

viktor-davidovski-i-pss-racing-team-se-prv-makedonski-tim-na-evropskiot-tcr-sampionat--23.jpg

Би можело да ве интересира:

За првпат македонски тим на Европскиот TCR шампионат Во овогодинешната серија трки на Европскиот TCR шампионат, помеѓу бројните профе...
Сосема новиот KIA CEED пристигна во Македонија! Новиот KIA CEED пристигна во салонот на Киа Моторс Македонија во Скопје и е веќе...
Премиера на првиот BMW X2 во Македонија Најновиот член на BMW X фамилијата, со возбудлив изглед и извонредна д...