Зошто швајцарските железници се најдобри во Европа?


Зошто швајцарските железници се најдобри во Европа?

Патувањето со воз во Швајцарија е вистинско уживање. Сите категории на граѓани добиваат соодветен третман.

zoshto-shvajcarskite-zeleznici-se-njadobrite-vo-svetot-01.jpg

Швајцарските железници се најдоа на врвот на листата на најдобри железници во Европа, според извештајот The Great Train Comparison Report.

Се испитуваше третманот и условите за сите луѓе кои се возат во возовите, како што се луѓето со посебни потреби, семејствата, велосипедистите, деловните патници, односно колку се задоволени потребите на специфичните групи.

zoshto-shvajcarskite-zeleznici-se-njadobrite-vo-svetot-02.jpg

Предност на швајцарските железници е тоа што имаат специјални области за деца, зони за семејства и нивниот багаж, посебни прилагодувања, како повеќе простор за луѓето во инвалидска количка, и асистенција за луѓето со посебни потреби. За нив има и специјален попуст на билетите.

zoshto-shvajcarskite-zeleznici-se-njadobrite-vo-svetot-03.jpg

Предвидени се и прилагодувања за луѓето кои патуваат со миленици.

Потоа, храната во возовите се користи одговорно, се внимава на загадувањето на околината, има попусти за тие што ќе имаат своја шолја за пијалак, наместо да бидат послужени во чаша за еднократна употреба, и низа други работи кои ги прават еко пријателски настроени.

zoshto-shvajcarskite-zeleznici-se-njadobrite-vo-svetot-06.jpg

zoshto-shvajcarskite-zeleznici-se-njadobrite-vo-svetot-05.jpg

zoshto-shvajcarskite-zeleznici-se-njadobrite-vo-svetot-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да го подготвите автомобилот за безбеден пат без проблеми? Во овој период од годината, сите патуваат многу почесто, па добро е да знаете ка...
Секојдневните херои во Топ-форма: Новите OpelComboLife и Combo Риселсхајм: Петтата генерација на компактниот мултифункционален OpelCombo е подг...
5 знаци на замор кај возачите - игнорирањето може да чини живот Ако чувствувате некои од овие симптоми, време е да запрете со автомобилот и малк...