7 факти за лимузината во која се вози Доналд Трамп
Биле потребни повеќе од 3 години за да се дизајнира и креира ова ремек-дело од автомобил, кој безбедноста ја става на прво место.

Лимузината била нарачана уште во времето кога Обама беше претседател на САД, но иронично, Доналд Трамп е првиот кој ја користи.
Ова се 7-те факти за неа кои го заинтересираа целиот свет:
Резервоарот за гориво не е само отпорен на куршуми, туку и на експлозии.

Стаклата за прозорците се направени од дебел слој поликарбонат и дебело, непробојно стакло.

Само специјално обучени возачи можат да ја возат лимузината, кои знаат како да се одбранат од терористички активности, вклучувајќи го и Ј-вртењето од 180 степени.

Телото на автомобилот е составено од 8-инчен воен оклоп, обложен со посебна боја.

Во автомобилот има залихи на кислород и резерва крв за одбрана од било каков терористички напад.

Автомобилот може да вози и со издишани гуми.

Во автомобилот има најсовремено оружје за одбрана, во случај на напад врз претседателот.

М. Д. | Црнобело