Новитет од италијанскиот „ѕвер“ - Најновиот модел на Ферари нема шофершајбна ниту пак кров
Двата нови модела на Ferrari Monza SP1 и SP2 се целосно отворени возила без кров и без шофершајбна, а се опремени со најмоќниот мотор којшто Ферари го има направено во историјата на сопственото производство.
Откривањето на овие два модела со ограничена едиција беше минатиот месец и тие се првите во новата колекција на Ферари, наречена Icona.
Дизајнот е инспириран од Ферари автомобилите од '50-тите години на минатиот век и во себе ја имаат најнапредната технологија што може да се најде денес, согласно италијанскиот луксузен пазар.
Најкарактеристичниот дел од дизајнот на овие два модела, покрај фактот дека немаат кров и шофершајбна, е монолитната форма со аеродинамичен профил на крило.
Според дизајнерите во фирмата, доколку не ги елиминирале кровот и шофершајбната, немало да биде возможно да се креира така уникатна пропорција на автомобилот.
Резултатот е чувството на неверојатна брзина, коешто произлегува од концептот на кокпит којшто се состои од формата на автомобилот кој го обвиткува возачот.
Двата модела имаат мотор со 12 цилиндри којшто развива брзина од 0-100 км/ч за само 2,9 секунди, а од 0-200 км/ч за само 7,9 секунди. Моделот Ferrari Monza SP1 е модел со само едно седиште, а моделот Моделот Ferrari Monza SP2 е двосед.
Максималната брзина на овие два автомобила е 300 км/ч, брзина којашто ја достигнуваат само искусни Формула 1 возачи.
(О)Милена | Црнобело