Како да ја одмрзнете шофершајбната за помалку од 1 минута, без да гребете на студот?
Една од најтешките задачи која возачите ја имаат во зимските утрински часови е чистењето на замрзнатата шофершајбна.
Чистењето снег и мраз од стаклата на автомобилот прво одзема многу време, но и мачење со гребење и стругање на студот.
На никој не му е омилено да мрзне по неколку минути додека гребе по стаклата, а ретко кој успева и целосно добро да ги одмрзне со овој метод.
За да не се мачите и смрзнувате, искористете го овој трик и направете си домашен раствор кој ќе ви ја заврши оваа работа за помалку од минута.
Сè што треба е да направите раствор со следниот сооднос: 1/3 вода и 2/3 изопропил или медицински алкохол.
Ставете го растворот во шише со прскалка и наутро напрскајте ја шофершајбната, оставете малку да отстои и мразот полека ќе почне да исчезнува.
Сепак, на крај може повторно да поминете со стругалка за да го отстраните целосно вишокот.
М. М. | Црнобело