Што да правите ако ви се расипе автомобилот, снемате гориво и во уште 5 несакани ситуации во зима
Кога сте на пат во зимски услови и ќе се случи некоја непосакувана ситуација, немате многу време да размислувате за преживување.
Најчесто, сите ги фаќа паника и не знаат што да направат, па често се случува да направат грешка и да си ја истрошат енергијата или да „смрзнат“.
Секако, никој не посакува вакви ситуации, но снемувањето гориво, расипувањето на автомобилот или заглавувањето во снег може да бидат многу реални во зимски услови.
Па, во такви итни случаи, додека чекате помош, важно е да се грижите и за вас, да останете разумни, стоплени и со енергија.
Како паметно да реагирате во различни ситуации:
Расипан автомобил
Ако автомобилот се расипе среде пат и не може да продолжите, не излегувајте на ладното. Јавете се за помош и останете внатре и топлете се, но оставете ги малку отворени прозорците.
Истрошено гориво
Ако во автомобилот снема гориво, затворете ги сите прозорци, но одржувајте ги чисти, за оние кои ќе проаѓаат покрај вас да забележуваат дека има некој внатре.
Во меѓувреме побарајте помош на телефон и чекајте или одвреме навреме излегувајте и обидете се да сопрете некој што ќе ви помогне.
Заглавени надвор
Доколку не можете да влезете во автомобилот или пак, не работи, а не можете да повикате помош и треба да одите до најблиското место по снегот, задолжително заврзете шал или некоја ткаенина околу вратот за да ги покриете ушите, носот и устата.
Недоволна видливост
Доколку видливоста е намалена, а има многу снег, обидете се да ја следите оградата од страна или пак трагите пред вас.
Заглавени во снег
Ако автомобилот се заглави во снег и не може никако да го извадите, повикајте помош и за тоа време не се обидувајте залудно, туку фокусирајте се на тоа да се згреете и да зачувате енергија, бидејќи не знаете колку ќе чекате.
Скршен стругач за мраз
Секогаш имајте на ум дека стругач за чистење мраз може да се скрши и задолжително имајте резерва стругач и четка во возилото.
Жед
Во такви случаи додека чекате помош, ако сте премногу жедни, последно што треба да правите е да јадете директно снег.
Доколку имате празно шише, ставете снег во него и почекајте да се стопи, а потоа испијте го.
М. М. | Црнобело