„Жената од село, а колата од Германија“ - 5 половни автомобили што се „икони“ на Балканот


„Жената од село, а колата од Германија“ - 5 половни автомобили што се „икони“ на Балканот

Кога станува збор за автомобилите и Балканот, неминовно ни паѓаат на ум неколку очигледни избори како најомилените превозни средства на населението.

5-polovni-avtomobili-ikoni-na-Balkanot-01.jpg

Што ќе купи гастербајтерот кој се враќа од странство со цел да предизвика љубомора кај соседите? Кое е најиздржливото возило со чија помош ќе се искачите по стрмен терен со кал до колена?

Кои се 5 половни автомобили со култен статус на Балканскиот полуостров?

Југо 45/55

Ова е прилично очигледен избор. Нема возач на Балканот што некогаш не возел Југо. Југото е дел од историјата на Балканот.

Се произведуваше од 1980-2008, па затоа и лесно може да се најдат делови за одржување, а и заситеноста на пазарот прави нивната цена да е прилично ниска (околу 250 до 300 евра).

5-polovni-avtomobili-ikoni-na-Balkanot (3).jpg

Голф 2

Германските автомобили имаат добра репутација на Балканот. Понекогаш дури и премногу добра. Затоа голфот како квалитетна кола е многу баран на пазарот и држи добра цена, дури и овој постар модел (над 400 евра).

Покрај двојката, барани се и Голф 1 и 3, а интересно е што овој автомобил е особено популарен кај босанските шофери.

5-polovni-avtomobili-ikoni-na-Balkanot (5).jpg

Мерцедес – Бенз 190Е

Најчестата ситуација зошто се вози овој автомобил е следната: Гастербајтер од српско село се враќа од 3 месечна работа во Германија и има заштедено малку пари. Што ќе направи со парите, а тоа да биде нешто што ќе може да го видат соседите? 

Ќе купи Мерцедес. Ова е многу удобно возило, а секако и многу квалитетно изработено, па затоа најчесто овој тип на мерцедеси можеме да ги видиме и како такси возила.

5-polovni-avtomobili-ikoni-na-Balkanot (1).jpg

Ауди 80

Нема што многу да се каже за овој автомобил, освен дека е релативно евтин за возење и одржување. Исто така, забавен е за возење бидејќи има прилично јак мотор од 2,3 кубика.

5-polovni-avtomobili-ikoni-na-Balkanot (2).jpg

Лада Нива

Ова е иконата на ловџиите и селаните што живеат на планина, а имаат малку повеќе средства па не мораат да се снаоѓаат со Југо. Настрана сите шеги, Лада Нива е навистина издржливо возило и може да се искачи и на најнедостапниот терен заради краткото меѓуоскино растојание и тенките гуми кои се пробиваат низ калта.

5-polovni-avtomobili-ikoni-na-Balkanot (6).jpg

Бонус возило: Кое било BMW од деведесеттите

Овие автомобили се обожувани од гангстерите и „спонзорушите“, но исто така и од тркачките ентузијасти. Една поговорка вели: „Жената може да ти е од село, но кучето и колата мора да ти се од Германија“.

Колку и да се шегуваме, BMW е многу почитувано возило и тоа со причина. Исто така, нивната цела секојдневно паѓа, па сè повеќе возачи се решаваат да ги купат на старо.

5-polovni-avtomobili-ikoni-na-Balkanot (4).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Може ли да погодите кој е најскапиот автомобил во светот? Бугати направи еден примерок од нивните спортски автомобили целосно од карбонски...
За 12-тиот роденден Јутуберка си купила BMW од 168.000 евра Малото девојче од Тајланд откри дека заработува вртоглави суми на Јутуб и може д...
Што да правите ако ви се расипе автомобилот, снемате гориво и во уште ... Кога сте на пат во зимски услови и ќе се случи некоја непосакувана ситуација, не...