Задоволство за супер богатите - новиот приватен авион на „Four Seasons“
Патувањето ќе трае 3 седмици, а супер богатите ќе имаат невиден луксуз и комфор. Синџирот хотели „Four Seasons“ има нов приватен авион кој ги има најлуксузните кабини во својата класа.
Луксузниот Airbus ќе пренесува 48 патници на одмори, организирани специјално за супер богатите.
Покрај престојот во нивните хотели, тие сакаат и патувањето дотаму да биде вистинско задоволство. Па, така новиот модел на авион е драстично подобрен од тој што беше пуштен во 2015 година.
Секој патник ќе има многу повеќе простор за себе, а столчињата ќе може да се спојуваат како кревет.
3-неделно патување ќе чини од 147.000 долари по личност, па нагоре.
Како изгледа луксузниот авион:
С. С. | Црнобело