Кои се најдобрите модели на Волво на сите времиња?
Долго време Волво беше поим за коцкести коли, затоа што Швеѓаните главниот акцент при производството го имаа на безбедноста на нивните автомобили. Тоа, се разбира, е во голема мера точно, па затоа и Волво најчесто беше третиран како семеен автомобил и не треба да нè чуди што некои од најпопуларните модели се каравани.
Сепак, не смее да се заборави дека Волво секогаш предничел во новите технологии, па така тие беа меѓу првите што имаа хибридни модели, а со оглед на сегашните модели, Волво продолжува во таа насока.
Тогаш, кои се најпопуларните и најдобрите модели на Волво на сите времиња?
Volvo Amazon
Познато и како Volvo 120, се произведувало во 1950 години и е подлога за следниот модел икона на фабриката.
Volvo P1800
Ова е еден од најубавите модели на Волво и можеби на сите времиња. Дизајниран е од шведскиот морепловец и дизајнер на јахти Pelle Petterson под надзор на Pietro Frua и се произведувал во 1960 години.
Volvo P1900 Sport
Пред да се појави P1800 постоел моделот P1900, спортски двосед со школка од фиберглас, којшто се произведувал кратко во 1950 години.
Volvo 1800ES
Во 1970 години се појавува хечбек верзијата на P1800 купето. Футуристички модел со карактеристичен багажник кој многу подоцна Волво повторно ќе го употребат.
Volvo C30
Во 2008 го лансираше овој модел базиран на модерните S40/V50 модели, но сите можеме да го видиме всушност историскиот хечбек на 1800ES. Но, како стигнавме од коцкестите каравани до ова?
Volvo 240
Кога мислиме на Волво, ова е првото на коешто ни текнува. Коцкестиот караван којшто е најбезбедниот автомобил за вашето семејство. Овие модели се произведуваат од крајот на 1970 до средината на 1980 години.
Volvo 260
Заедно со 240 се произведува и 260 како појака варијанта за повисоките класи, којшто наликува на Мерцедес.
Volvo 760
Во 1980 години Волво го имаше најдобриот и најбрзиот дизел мотор токму со овој модел.
Volvo 850 T5-R
За да го заокружиме објаснувањето зошто Волво е познат по коцкестите каравани мора да го спомнеме нивниот најуспешен модел произведен во 1990 години.
Volvo 900
Ова е последниот модел на Волво со погон на задните тркала и се произведувал во 1990 години.
Volvo S60 Polestar
Ова е моделот со којшто во почетокот на 2000 години па до 2099 Волво повторно стана модерен бренд и ги нападна Мерцедес, BMW и Ауди, а служеше како понатамошна основа за иднината на фабриката.
Volvo V60 plug-in Hybrid
Ова е модел комбинација на дизел мотор и електричен мотор со што овозможува одлична економичност во комбинација со намалено загадување и е доказ дека Волво секогаш се стремеле кон новите технологии.
(О)Милена | Црнобело