Благ хибрид, поврзаност и нови технологии за асистенција при возење во освежениот Kia Stonic

blag-hibrid-povrzanost-i-novi-tehnologii-za-asistencija-pri-vozenje-so-osvezheniot-kia-stonic-04.jpg

  • нов бензински балг хибриден погон со 48V батерија, во кој е сместен и новата clutch-by-wire интелигентна трансмисија
  • 8 инчен екран на допир за мултимедијалниот систем

Скопје, 05 август 2020 – Kia Motors и официјално ги претстави новините за кросоверот Stonic, со кој ќе ја зајакне позицијата во B-SUV сегментот во Европа.

Освежениот Stonic сега нуди широк спектар на нови Smartstream погодни, кои ја зголемуиваат ефикасноста на моделот. Меѓу нив Stonic нуди и нов бензински балг хибриден погон со 48V батерија, во кој е сместенa и новата clutch-by-wire интелигентна трансмисија.

blag-hibrid-povrzanost-i-novi-tehnologii-za-asistencija-pri-vozenje-so-osvezheniot-kia-stonic-05.jpg

Надворешноста и внатрешноста на моделот се скоро непроменети, но сепак новите сопственици ќе имаат голем број на можности за песoнализација на Stonic. Тоа се новите комбинации на бои за внатрешноста и на каросеријата, како и новиот 8 инчен екран на допир за мултимедијалниот систем.

blag-hibrid-povrzanost-i-novi-tehnologii-za-asistencija-pri-vozenje-so-osvezheniot-kia-stonic-02.jpg

Покрај овие надградби, тука се и новите високо-технолошки напредни системи за помош на возачот. Отсега Stonic доаѓа со стандардни LKAS – систем за одржување на возилото во лента и FCA – систем за избегнување на фронтален удар.

blag-hibrid-povrzanost-i-novi-tehnologii-za-asistencija-pri-vozenje-so-osvezheniot-kia-stonic-03.jpg

Претставен на европскиот пазар на крајот на 2017 година, Stonic денес e четвртиот најпродаван модел на Kia (по семејството на моделот Ceed, Sportage и Picanto). Вкупната досегашна продажба во Европа достигна повеќе од 150.000 единици.

Новиот Kia Stonic во Европа се очекува во продажба во Европа во текот на четвртиот квартал на 2020 година, со 7-годишна гаранција и 150.000 километри, вклучена како стандардна за сите модели.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg