Трик со пена за бричење: Како стаклата и ретровизорите на автомобилот да не собираат капки и влага?
Кога е студено, врне или провејува снег, во сета непрегледност, најмалку што ви треба се замаглени стакла и ретровизори со капки.
За побезбедно возење, вреди да го испробате овој трик со пена за бричење. Делотворноста му е 1 до 2 месеци, зависно од временските услови.
Нанесете малку пена за бричење на чиста крпа или хартиено марамче.
Имајте на ум дека ако користите крпа, треба да нанесете поголема количина од средството, бидејќи дел ќе се впие на неа.
Добро истријте ги стаклата и прозорите со пената, додека не добиете чиста, исполирана површина.
Ова ќе ви помогне влагата и капките да не се акумулираат и задржуваат на стаклото.
Може да користите и гел за бричење, но со него делотворноста е помала, а нанесувањето малку потешко.
М. Д. | Црнобело