Новиот Ауди А6 во Македонија

noviot-audi-a6-vo-makedonija-povekjeНовиот Ауди А6 важи за најнапредна и напродавана лимузина од бизнис класата. Направен од челик, алуминиум и железна воља!


Еден од најиновативните автомобили во светот, новиот модел на бизнис лимузината Ауди А6, по само две недели од стартот на продажбата во Европа, пристигна и во Македонија.

Софистицираниот и моќен освојувач на европските патишта, продолжува со својата филозофија на напредок преку технологијата и ги внесува најновите иновации и во својот нов модел. За успешни луѓе кои ја сакаат страста и животот, новиот Ауди А6 поставува високи стандарди кои ретко кој друг автомобил може да ги задоволи.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-1

Не е напишано правило, но стана природно новите автомобили да бидат поголеми од своите претходници. За тоа постоеле реални причини како на пример: клиентите сакаат повеќе простор, инженерите и дизајнерите исто така, повеќе ширина за остварување на своите идеи.  

noviot-audi-a6-vo-makedonija-7

Во Ауди се решија да ја намалат тежината на возилото, што значи вградување на помали мотори, градба на возило со помали димензии што самото по себе значи и помала потршувачка на гориво, помали резервоари за гориво и поекономични возила.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-2

Со својата атлетска градба и елегантен изглед, долг 4,915 метри и широк 1,874 метри и само 1,455 метри висина, новиот Ауди А6 е без конкуренција во својата класа. Самиот факт што е дванаесет милиметри пократок од претходникот ја покажува интенцијата на Ауди за намалување на тежината во корист на зголемување на ефикасноста. Благодарение на поголемото меѓуосовинско растојание и намалување на предниот дел на возилото за осум сантиметри, новиот Ауди А6 во стварност изгледа подолг од претходникот и со поголем простор во внатрешноста.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-3

Со својата лесна каросерија, удобното подвозје и широкиот опсег на нови безбедносни и мултимедијални системи, новиот Ауди А6 е вистинско ремек дело.

Најголемиот дел од каросеријата на Новиот Ауди А6 е направена од алуминиум и високотехнолошки челици, што го прави екстремно лесен, компактен и безбеден  и до 80 килограми полесен од претходникот, што навистина може да се нарече прогрес.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-5

Македонските купувачи во моментов можат да одберат меѓу два дизел мотори (2.0 ТДИ со 130 кв и 3.0 ТДИ со 180 кв) и два бензински V6 мотори, првиот 2.8 FSI со 150 кв и вториот 3.0 TFSI со 220 кв и двата заедно со трилитарскиот дизел опремени со новиот S-Tronic менувач и последната генерација на Quattro погон на сите четири тркала.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-4

Ауди А6 е модел каде на секој детал е посветено огромно внимание, а сите материјали, вклучително и иновативно обработените дрвени облоги, се одбрани и изведени со врвна грижа. Дополнително, како опција предните седишта можат да содржат вентилација и масажери, а стилското амбиенталното осветлување има потенцирани светлосни точки кои даваат голем ефект на целата внатрешност.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-9

Ергономичен и безбеден, со одлична звучна изолација, новиот А6 е поефикасен во однос на потрошувачката од својот претходник за дури 19 проценти.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-8

Високо ефикасниот уред за автоматско регулирање на климата, најновата генерација на MMI радио системот, старт-стоп системот се стандардни елементиво Ауди А6, а како опција меѓудругото се достапни и head-up екран кој прикажува клучни информации на предното ветробранско стакло, MMI навигациски систем кој работи на допир, систем за ноќно управување Night Vision, иновативни светла со потполна ЛЕД технологија единствено во овој сегмент на возила , системот за озвучување од последната генерација на Bang & Olufsen.

noviot-audi-a6-vo-makedonija-6

Порше Македонија е генерален импортер за Volkswagen, Volkswagen Комерцијални возила, Audi и Skoda.

Повеќе детали и цени:
http://www.audi.com.mk/modeli/a6/a6_limousine/?rel=statHomeTeaser_%D0%9D%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%BE%D1%82+Audi+A6

Фото: Иван Петрушевски

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg