Макпетрол Инфо Поинт: Бавен раст на бројот на возила на алтернативен погон во Европската Унија – удел од 4,3 проценти во 2019 година

Анализата на Европската опсерваторија за алтернативни горива при Европската комисија покажува дека флотата на патнички автомобили со погон на алтернативни горива во Европската Унија се зголемува бавно и претставува 4,3 проценти од вкупниот број на автомобили во 2019 година, што е раст од 0,9 проценти во однос на 2010 година, кога учествуваат со 3,4 проценти.

makpetrol-info-point-baven-rast-na-brojot-na-vozila-na-alternativen-pogon-vo-evropskata-unija-udel-od-4-3-procenti-vo-2019-godina-01.jpg

Во истиот период вкупната флота на автомобили во Европската Унија бележи раст од 15 проценти.

Возилата на автоплин или ТНГ имале удел од 89 проценти во вкупната флота на возила на алтернативен погон во 2010 година, додека остатокот биле возила со погон на ЦНГ или попознат како метан. Во 2019 година ТНГ сѐ уште доминира со 77 проценти удел, по што следи метанот со 12 проценти, а електричните возила имаат удел од 11 отсто.

makpetrol-info-point-baven-rast-na-brojot-na-vozila-na-alternativen-pogon-vo-evropskata-unija-udel-od-4-3-procenti-vo-2019-godina-02.jpg

Според анализата, растот на флотата на патнички возила на алтернативен погон се должи на регистрација на нови возила, со исклучок на ТНГ, каде растот доаѓа од конверзација по продажба. Во 2019 година 78 проценти од растот се должи на електрични возила.

Според податоците од Државниот завод за статистика на нашиот пазар омилено гориво е дизелот. На патиштата во 2019 година имало вкупно 426 000 возила, од кои најмногу на нафта 225 474, потоа на бензински погон – 188 778 возила, по што следат бензин - гас 11 470 и само 51 возило на електрична енергија.

makpetrol-info-point-baven-rast-na-brojot-na-vozila-na-alternativen-pogon-vo-evropskata-unija-udel-od-4-3-procenti-vo-2019-godina-04.jpg

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната старост на патничките автомобили во нашата земја се зголемува од 19,1 година во 2018, на 19,3 години во 2019 година.

Над 374.000 или 87,9 проценти од регистрираните патнички возила во 2019 година биле постари од десет години.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg