Автомобилот BMW 520d од големата наградна игра на Mozzart оди во Радовиш

avtomobilot-bmw-520d-od-golemata-nagradna-igra-na-mozzart-odi-vo-radovish-01.jpg

Заврши големата наградна игра „Погоди го најдолгиот тикет“ која ја организираa Mozzart обложувалници, во период од 16 февруари до 26 април.

Сопственикот на најдолгиот добитен тикет е награден со фантастичниот автомобил BMW 520d. Апсолутниот победник кој подолго време ја држеше првата позиција на ранг листата е играчот Димитар Свирков од Радовиш.  Добитниот тикет е со погодени 23 натпревари и вкупна квота од 4682.73. Покрај автомобилот, уплатата од 20 денари му донесе и супер добивка од 80.000 денари.

„Ни претставува вистинско задоволство што наградните игри во кои доделуваме автомобил се навистина барани и со нетрпение очекувани од страна на нашите играчи, па така и овој пат одлучивме да ги израдуваме со BMW 520d. Ова не е прв пат главната награда – автомобил да ја доделиме во Радовиш. Честитки до новиот сопственик кој заслужено ќе го вози автомобилот, неговиот тикет повеќе од еден месец ја држеше првата позиција од ранг листата.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart Bet.

Пресреќниот добитник Димитар Свирков вели дека со нетрпение чекал да заврши наградната игра, заради неизвесноста која ја имал дали ќе остане до самиот крај на првото место. Среќата била на негова страна.

avtomobilot-bmw-520d-od-golemata-nagradna-igra-na-mozzart-odi-vo-radovish-02.jpg

„Неизмерно бев среќен кога ме известија дека сум добитник на автомобилот BMW 520d. Јас со години наназад сум редовен играч во Mozzart и од самиот старт на наградната игра, играв тикети за главната награда. Досега од Mozzart имам добиено повеќе награди, а еднаш за малку ќе добиев и автомобил. Но, ете, среќата овој пат ми се насмевна и успеав да ја освојам главната премија.“ – изјави пресреќниот сопственик на новото BMW 520d. 

Интересно е тоа што непосредно откако се позиционираше на првото место од ранг листата, промо караванот на Mozzart кој патуваше низ цела Македонија, го посети и Радовиш, па Свирков имаше можност одблизу да го види автомобилот и да се слика со него. Како што тој вели, тоа му дало мотив да продолжи и понатаму да игра и да се обидува самиот да се надмине со уште подолг добитен тикет. 

За потсетување, во наградната игра „Погоди го најдолгиот тикет“ учествуваа добитните тикети, а во пресметка влегуваа натпреварите кои имаа квота од минимум 1,35. Сите настани на тикетот мораше да бидат спортски настани, условот не го исполнуваа “системски” тикети, како и тикетите за обложување во живо.  

Инаку, за играта да биде уште поинтересна, од Mozzart направија комбинација од уште една наградна игра „Погоди најголем број натпревари“ во која играчите можеа да го наплатат своето најголемо промашување. Секоја недела, најдолгиот недобитен тикет со најголем број на погодени натпревари добиваше телефон Samsung Galaxy S20+. Беа доделени 10 телефони на најсреќните добитници, кои остваруваа импресивни резултати со своите тикети на кои имаа над 40 погодени натпревари. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg