Личи на играчка, но одлично е за низ град – Како изгледа новиот Citroën Ami со старото, добро познато име? (фото)

Изгледа како играчка, а именуван е по еден од најпознатите модели на Citroën, кој се произведувал 17 години (1961-1978). Сега, 42 години по оригиналното Ami, Citroën го најавува наследникот со истото име, кое многу луѓе веќе имаа шанса да го испробаат.

Noviot-Citroen-Ami-01.jpg

Според најдобрата традиција и практики на Citroën, Ami ги надминува сите вообичаени дизајнерски идеи. Новиот Ami е пластичен двосед со електричен погон и развива брзина од 45 km/h. 

„Пластичната кутија“ е долга само 2,41 метри и широка 1,39 метри и е толку минијатурна, што дури и Smart автомобилот на брендот Мерцедес изгледа како автомобил за возрасен.

Noviot-Citroen-Ami (1).jpg

Новото Citroën Ami има помалку од 250 делови. Предниот и задниот дел имаат апсолутно идентична форма, само светлата во различни бои во вдлабнатините го одвојуваат предниот од задниот дел.

Noviot-Citroen-Ami (5).jpg

Noviot-Citroen-Ami (3).jpg

Друг куриозитет е што совозачката врата се отвора класично, а возачката е обратна, односно „самоубиствено“ поставена, според автомобилската терминологија.

Noviot-Citroen-Ami (4).jpg

Noviot-Citroen-Ami (6).jpg

Внатрешноста изгледа како тврд пластичен калап, во кој двајца луѓе, благодарение на висината од 1,52 метри, имаат изненадувачки простор за седење, иако самите седишта се малку тесни.

Возачкото седиште може да се поместува надолжно додека совозачкото седиште е фиксирано.

Noviot-Citroen-Ami (8).jpg

Noviot-Citroen-Ami (7).jpg

Новиот Ami дефинитивно не е вистински автомобил. Официјално е категоризиран како „лесно возило на четири тркала за превоз на патници L6e-BP“.

Станува збор за возила кои, на пример, во Германија развиваат максимум 45 км/ч, и со нив може да управуваат луѓе над 16 години кои имаат возачка дозвола за мопеди.

Noviot-Citroen-Ami (2).jpg

Ami не е наменет да се натпреварува со другите автомобили, туку како алтернатива на јавниот превоз, на превозот на две тркала или е-скутерите. Со ова решение, Citroën се фокусира првенствено на младите луѓе кои сакаат алтернатива на локалниот јавен превоз.

Noviot-Citroen-Ami (4).jpg

Citroën Ami не е дизајниран или направен за долги патеки. После максимум 75 километри, автомобилот мора да биде поврзан на полнач. Сепак, батеријата целосно се полни за само три часа.

Во Франција, нарачките за новиот Citroën Ami почнаа да се примаат уште во јули, а првите илјада примероци беа купени по цена од 6.900 евра.

Што мислите за новата Цитроен „играчка“ на 4 тркала?

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg