Дечко од Њујорк е една од најмистериозните Инстаграм ѕвезди - кој е „тркачот во одело“?

Модерен херој со мисија, уникатен по изгледот... Ммм, изгледа моќно, заводливо и неповторливо и е ѕвезда на Инстаграм.

dechko-od-njujork-e-edna-od-najmisterioznite-instagram-dzvezdi-koj-e-trkachot-vo-odelo-01.jpg

Тркачот во одело односно „The Suited Racer“ е мистичен дечко од Њујорк кој е зависник од брзина.

Облечен во костими тој вози мотоцикли, автомобили и со своите фотографии воодушевува на Инстаграм.

Има повеќе од 229.000 следбеници пред кои не го покажува лицето. На главата постојано носи маска, кацига и очила.

Но, кој е мистериознот тркач во одело?

Во интервју за магазинот TheMan тој е претставен како Ландо Грифин, но не открива дали ова е неговото вистинско име или е само уметничко име. Тој вели дека можете да го сретнете по улиците во Њујорк, но нема да го познаете затоа што добро го крие својот идентитет.

За Грифин се вели дека неговиот стил е комбинација на стилот на Џејмс Бонд со Бетмен, но тој вели дека сака да биде уникатен, а следбениците сами да проценат каков стил негува.

Тој вели дека во гаражата има повеќе од 15 мотоцикли, а омилен му е 2009 Ducati Sport Classic 1000s со кој има поминато најмногу километри.

За својата мисија мистериозниот тркач вели:

„Мојата мисија е јасна, јас сакам свет во кој не е важно како изгледаме. Раса, убавина... Сите ние сме само луѓе. Браќа и сестри. Не сакам луѓето да се делат на убави и грди. Некогаш грдото може да биде убаво и токму во него да се кријат најубавите работи.“

Повеќе фотографии од „Тркачот во одело“:

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg