1228 километри на час

1228-km-na-cas-povekjeЗаборавете на Ламборџини и Ферари, најбрз автомобил на светот е Thrust SSC и оваа титула гордо ја носи веќе 12 години. Ричард Нобл отсекогаш бил...

 

 

...опседнат со брзина. Долги години работел како пилот, а од 1983 до 1997 година држи рекорд за најбрз возач на светот.

Постои само едно место на светот доволно рамно, доволно изолирано и доволно сигурно за рушење на рекордот за брзина на земја, а тоа е пустината Блек Рок во Невада.

Пустината некогаш била езеро, но сега останало само суво и рамно дно, идеално за тркачки автомобили кои го пробиваат звучниот ѕид.

1228-km-na-cas

Ричард својот рекорд го поставил токму во оваа пустина, а таму во 1997 година го доведува и Thrust SSC, нов млазен автомобил со кој планирал уште еднаш да го сруши рекордот. Но, овој пат зад воланот седел воениот пилот Енди Грин.

Thrust SSC е долг 16,5 метри, тежи 10,5 тони и има два млазни Ролс Ројс мотори кои трошат 18 литри гориво во секунда. Во превод тоа е 5500 литри на 100км.

Енди Грин уште во првата трка постигнал брзина од 1228км на час, поставил рекорд кој важи до денес.

SSC денес може да го видите во Ковентри, Англија каде заслужено одмара во Техничкиот музеј, а на видеото може да погледнете како ова чудо од автомобил изгледа за време на возењето

 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg