Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ружица Бебек трае 27 години
- Детали
- сабота, 15 април 2023
Еден од омилените балкански музичари, Жељко Бебек. повеќе од четврт век е во љубов со 34-години помладата Ружица. Кога се запознале таа само што запишала факултет, па затоа ја криеле врската. Иако повеќето луѓе им предвиделе пропаст, тие се во брак веќе 23 години, а во љубовта која почнала пред повеќе од 25 години уживаат како и првиот ден.

Музичарот Жељко Бебек зад себе има 3 брака и богат љубовен живот. Веќе 23 години некогашниот пејач на „Bijelo dugme“ е во хармоничен брак со 34 години помладата Ружица.
Кога првпат почнаа да се гледаат, пред 27 години, многумина не веруваа дека нивната љубов ќе потрае.
Пред да се венча со Ружица, Жељко бил во брак со Споменка, со која ја има ќерката Силвија. Потоа се ожени со Сандра, која ја роди нивната ќерка Бјанка.
Тој се ожени третпат во 2002 година со Ружица, која прво го роди нивниот син Звонимир, а две години подоцна и ќерката Катарина.
Иако важат за луѓе со складен брак без скандали, Жељко и Ружица на почетокот биле во тајна врска бидејќи се плашеле дека околината ќе ги осудува.
Жељко сакал и ќерките од првите два брака да ја прифатат Ружица, а не да ја гледаат како конкуренција.
Тој отсекогаш толку многу ја сакал Ружица, што во една прилика рече дека возел 400 km/h само за да ја види.