Се заљубиле кога таа имала 18, а тој 52 години и сите им предвидувале пропаст: Љубовта на Жељко и Ружица Бебек трае 27 години
За последиците од својата непромислена постапка размислувал подоцна.
„Кога таа влезе во мојот живот, целосно ме смени.
И покрај тоа што беше млада и уште немаше завршено факултет, а јас бев искусен волк со долга кариера во рокенролот, јасно беше дека омекнав доволно за да почнам да гледам поинаку на животот“ – изјави Бебек.
„Да ја запознаев кога имав 18 години, денес ќе бевме во брак 50 години. Но, таа се роди дури кога јас ја објавив песната „Bitanga i princeza“.
Сепак, некаде во повисоките сфери на вселената беше решено дека ние мора да се сретнеме“ – рече тој во интервју.
Дури и Ружица во една прилика раскажала дека сите се сомневале во нивната врска.
„Бев многу млада, имав само 18 години кога се запознавме и низ некое заедничко дружење сфативме дека си одговараме еден со друг.
Тоа беше време кога немаше мобилни телефони, па тој ќе ми се јавеше дома или ќе ми пратеше разгледница кога беше на пат.
Тоа беа долги телефонски разговори и по некое време сфативме дека ни е убаво така“ – рекла Ружица.
Таа признала дека и покрај разликата во години, нејзините родители ја поддржувале нивната врска и им помагале од самиот почеток.
„Жељко отиде да му каже на татко ми и тие го прифатија. Сè излезе најдобро на крајот.
Моите родители многу ни помагаа кога децата беа мали. Секогаш кога патувавме, а тоа беше често, децата беа со нив“ – додала таа.
А. Ј. | Црнобело