Ќерката на Дино Дворник без гаќи и со скриено лице, Ивана Мишковиќ со чуден корсет - Највпечатливите модни изданија на Story Hall of Fame

Ќерката на Дино Дворник носеше сребрена тоалета со вградена маска, а најпознатата хрватска инфлуенсерка Ивана Мишковиќ се појави во впечатлив фустан со лажен стомак. Кои беа највпечатливите модни изданија на Story Hall of Fame?

kjerkata-na-dino-dvornik-bez-gakji-no-so-skrieno-lice-ivana-mishkovikj-so-lazhen-stomak-najvpechatlivite-modni-izdanija-na-story-hall-of-fame-01.jpg

Синоќа (06.06) во Загреб на црвениот тепих прошетаа голем број балкански ѕвезди на 10-иот по ред Story Hall of Fame.

Тереза Кесовија, Неда Украден, Божо Вреќо, Ела Дворник, Ивана Мишковиќ, Ацо Пејовиќ, Сека Алексиќ... Ова се само некои од позвучните балкански имиња кои синоќа се појавија на 10-тото издание на настанот што секоја година традиционално се одржува во Хрватска.

View this post on Instagram

A post shared by Story (@story.hr)

Познатите личности на настанот се појавија во гламурозни тоалети, а открија дека за изгледот се подготвувале со месеци наназад.

Меѓу највпечатливите беше хрватската уредничка и инфлуенсерка Ивана Мишковиќ која носеше сина тоалета, со впечатлив дел во боја на кожа, кој наликуваше на разголен стомак.

Ќерката на Дино Дворник, Ела, и годинава се појави во впечатливо издание, па на себе носеше сребрена тоалета со разголен грб и задник и вградена маска на лицето, додека Јелена Розга носеше впечатлив црвен фустан со долг плашт.

Хрватските евровизиски претставници Лет 3, повторно прошетаа во впечатливите шарени фустани.

Погледнете некои од највпечатливите модни изданија на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Татко му го напуштил кога бил мал, сопругата ја зел „бегалка“ – Факти за животот на Дино Мерлин Кога имал само 17 години се вљубил во сопругата со која е во среќен брак до дене...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Цеца и Јелена Ѓоковиќ со обетки од 11.000 евра - Српските ѕвезди не штедат за накит Што им е заедничко на Јелена Ѓоковиќ, Цеца Ражнатовиќ, актерката Мирка Васиљевиќ...
Ивана Шпановиќ го врати моминското презиме и откри дека се разведува: „Приоритетите ни се променија“ „И двајцата влеговме во брак со истите желби и потреби, што се променија во разл...
Милош Биковиќ наскоро ќе стане татко, девојката Ивана е бремена со нивното прво дете Еден од најпопуларните српски актери, Милош Биковиќ, и неговата девојка Ивана Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg