Неверојатната приказна на Србинката Милица: Татко ѝ ѝ донирал бубрег за да преживее, стана мајка 7 години по трансплантацијата
Иако имала донор, сепак работите почнале да се комплицираат. Бидејќи состојбата ѝ се влошила, Милица морала да почне со дијализа.
„Шест месеци во вратот имав венски катетер“, рекла таа.
Првата операција ѝ била закажана за јануари 2015. Но, поради недостиг на лекови, бубрегот ѝ го „пресадиле“ дури во мај 2015.

Единствената желба која ја имала Милица е да стане мајка, но не смеела да остане бремена, бидејќи на организмот му требале години да повторно да стане силен.
Кога конечно ѝ кажале дека може да проба да забремени, Милица посетила лекар во диспанзер за жени во Врање, кој не сакал да ѝ дава хормонални терапии или да ја прати на ин-витро оплодување, туку ѝ дал лек кој морала да го пие двапати дневно. По три месеци забременила.

Милица била во петтиот месец од бременоста кога ѝ се јавиле компликации со хемоглобинот. Иако пробала со мед, цвекло, коприва, анализите не биле добри, па одела дури и на трансфузија. Некои од параметрите се влошиле наместо да се подобрат, поради што лекарите решиле да ја породат со царски рез.
Таа во август 2022 Милица ја роди својата ќерка Искра.

Вели дека сега е добра, редовно зема терапија и нема компликации. Добар е и нејзиниот татко, кој ѝ го донираше бубрегот и ѝ помогна да преживее, но и да си ја исполни желбата да стане мајка.
„Сопругот е пресреќен, прашува кога ќе имаме и второ дете“, ја завршува Милица својата приказна.

А. Ј. | Црнобело