Лепа Брена непрепознатлива без шминка – ужива со сопругот на јахтата вредна 6 милиони евра
- Детали
- петок, 19 јули 2024
Лепа Брена и Боба прегрнати позираат на јахта во Хрватска. Ѕирнете како изгледа луксузот во кој тие двајца уживаат додека се на одмор.

Пејачката Лепа Брена (63) и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ (60) важат за еден од најскладните парови на сцената во регионот, кои се во брак повеќе од три децении.

Познато е дека Боба е голема поддршка за пејачката, а тие двајца го користат секој миг за да го поминат заедно и важат за пар кој е вистински пример за складен брак и љубов.

Боба и Брена деновиве престојуваат во Хрватска на островот Лошињ, од каде пејачката сподели фотографии и видеа на својот Инстаграм профил.

Таа објави селфи фотографија на која е во прегратките на својот сакан, а интересно е што ова е една од ретките пригоди кога пејачката можеме да ја видиме без грам шминка.

Инаку, познато е дека Брена и Боба имаат своја јахта, па речиси секое лето со неа одат на крстарење по Јадранското Море.
