Им плука на девојките во уста, ги мава децата со патики на концерти – Згрозена сум од идолите на младинава

Ги гледам скандалозните настапи на Десингерица на ТикТок и Инстаграм и се прашувам: „Што е со денешниве деца?“ Гледаат ли родителите што им се случува пред очи? Плукање во уста, рендање сирење врз глава, мавање со патики... Ало, гледате ли каде ви одат децата и како ги трошат вашите тешко заработени пари?

im-pluka-na-devojkite-vo-usta-gi-mava-decata-so-patiki-na-koncerti-zgrozena-sum-od-idolite-na-mladinava-01.jpg

Да се разбереме, јас не сум некоја си таму „тетка“, што поим нема што е добра забава, ниту пак сум некоја „бабичка“ што одела на игранки и со машките играла оро преку шамиче...

Сум имала доволно пригоди да одам и на транс журки и на метал, да присуствувам на фестивали и на концерти. Сум им задавала доволно главоболки на моите, сум слушала музика која им одела на нерви...

Да, кога сум била дете и мене ми била интересна приказната за Ози Озборн кој еднаш откинал глава на лилјак на сцена, затоа што мислел дека е пластична кукла што некој од публиката му ја фрлил, за на крај да се покаже дека е вистински и цел месец да мора да прима инјекции против беснило.

Ми биле интересни настапите на Rammstein, на Rage Against the Machine… И ден-денес ги чувам видеоснимките од некои од нивните концерти на ЦД-а и уживам да ги гледам.

Но, никогаш, ама никогаш не би платила доброволно за некој да ми плука во уста, или да ме тера да му ги мирисам смрдливите чорапи додека ја мава публиката со патика и да ми пее некаков си „турбо-фолк рап“ што сега бил кул да се слуша...

Распнете ме во коментари, слободно, не ни сакам да знам во која музичка фиока го ставате денешново лудило, кое очигледно многу ѝ се допаѓа на младинава.

Ги гледам снимките и не можам да си поверувам како во повеќе македонски локали се собираат деца (па и да имаат 18 години, тоа сепак се деца) и плаќаат со вашите тешко заработени пари за да „паѓаат во транс“ со еден квази идол чијшто основен перформанс се состои во тоа да ги деградира оние коишто го кренале на тој пиедестал.

Текстови на песни што отворено ја промовираат употребата на дроги, додека младите „паѓаат во транс“ и сето тоа го снимаат за да го објават на нивните ТикТок и Инстаграм профили, па да се фалат каде биле и што правеле и дека се „кул“...

@mafia.bebo

🔥🤪 #desingerica #pljugica #foryou

♬ original sound - najjaca firmetina bajo

Ама, да не должам многу, да ви објаснам точно за што станува збор, за да знаете со каков лик си имаме работа...

Кој е бизарниот лик кој во моментов има статус на идол на нашиве простори (иако навистина не ми е јасно зошто)?

Вистинското име на Десингерица е Драгомир Деспиќ и тој е роден во 1993-та година во Белград. Како дете играл кошарка, а во 2019-та година отвори студио за тетовирање.

На следната страница погледнете дел од видеата од неговите скандалозни настапи и прочитајте нешто повеќе за него...



Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава