Хрватка споделува шокантни цени од одморот во Ибица - 30 евра топка сладолед, 15 евра вода и 130 евра влез во клуб
- Детали
- сабота, 28 јуни 2025
„Автомобил изнајмивме за 100 евра на ден, а беше во катастрофална состојба, ни се расипа по еден час“, се жали хрватската инфлуенсерка Нина Скочак за летувањето во Ибица и споделува вртоглаво високи цени оттаму.

Нина Скочак е инфлуенсерка и тиктокерка од Хрватска, со повеќе од 93.000 следбеници на Инстаграм, која со години живее надвор од Хрватска, но на социјалните мрежи постојано објавува видеа на хрватски, а сега со своите следбеници сподели видео за летувањето на Ибица.

„Топка сладолед 30 евра, шише вода 15 евра... Првпат отидов на Ибица и еве какви се цените“, ја започна својата видео исповед на Инстаграм Нина, која вели дека посакала „еднаш во животот“ да ја доживее оваа популарна летна дестинација.

Инаку, Ибица е шпански остров познат по своите живописни плажи, луксузни клубови и светски познат ноќен живот, а според зборовите на Нина цените се навистина високи.
Таа зборува за тип на одмор каде изнајмувате автомобил, посетувате ноќни клубови, одите по најпознатите плажи итн.
Додека шета по улиците на Ибица, Нина раскажува:
„Ибица навистина е светски познат остров, особено по забавите.
Јас не сум некоја голема љубителка на журки, но моравме барем еднаш да одиме во клуб.
Бевме во клубот „Ushuaia“, влезот е 130 евра! Навистина е шокантно што во клубовите шишето вода чини 15 евра, коктелите се околу 25. Буквално повеќе се исплати да пиеш коктел, отколку вода.
