„Те сакам лудо“ - Анастасија Ражнатовиќ прослави втора годишнина од брак со фотки на јахта со Гудељ и романтичен подарок
- Детали
- четврток, 17 јули 2025
Во јули 2023-та во манастир во близина на Белград, Анастасија и Гудељ си ветија вечна љубов, а сега, по две години брак, Анастасија му порача: „Те сакам лудо, вечност ни претстои“ и покажа каков подарок добила од него.

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ стапија во брак во јули 2023 година на тајна венчавка во манстирот Рајиновац, во близина на Белград, а сега парот прослави две години во брак.
Тие по црковната венчавка, на 28 мај 2024 година направија и граѓансо венчавање, во кругот на семејството во вилата на Цеца на Дедиње во Белград.
Парот сега ја прослави втората годишнина од брак, а Анастасија објави романтична фотографија од подарокот што го добила од саканиот Гудељ.
Прочитајте и Му пресадиле 4.700 влакна – Немања Гудељ за првпат покажа колку му била опадната косата пред трансплантацијата
На фотографијата што ја сподели Анастасија, таа држи црвен балон во форма на срце со натпис „Те сакам“, а покрај неа има кутија со букет од црвени рози и бело плишано мече кое држи срце со зборот „Љубов“.
Во описот напиша: „Две години брак. Бесконечност пред нас“.

Со Немања очигледно ниту еден важен датум не ѝ поминува без внимание и симпатични подароци.

По повод годишнината од брак Анастасија објави и фотки од плажа, направени на нивниот неодамнешен одмор на Ибица, и напиша:
„2 години во брак
Те сакам лудо
... вечност ни претстои“

Прочитајте и Свекрвата на Анастасија Ражнатовиќ е дама со младешки дух - беа заедно на настан во Севиља, има специфичен моден стил
С. С. | Црнобело