Балдазата на Вељко Ражнатовиќ е убавица, како и жена му - има впечатлив моден стил, 2 сина и скандалозен сопруг
- Детали
- вторник, 05 август 2025
Првото дете го доби во 2021 година, а со саканиот Мирко Шијан стапи во брак со 2022 година, но парот вели дека нема намера да се пресели во Тител, каде живее сестра ѝ Богдана Родиќ со синот на Цеца.

Богдана Родиќ (30), која е мажена за Вељко Ражнатовиќ, има две сестри, Наташа Родиќ е најстарата сестра, која не е мажена, а Бојана е средната сестра, која е во брак и има 2 деца.

Бојана Родиќ (30) сега е Бојана Шијан и во брак е со Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска.


Тој постојано е среде скандали, негува репутација на лошо момче, апсен е за непрописно возење и поседување на опојни супстанции, но вели дека родителството малку го смирило.

Неговата мајка во една пригода за него за српските медиуми изјави:
„Мојот Мирко е чисто злато, целиот мајчин, ама кога ќе полуди и кога е нервозен – му се тргам од патот. Знае да фрла работи кога е нервозен, бегам од дома и се тргам за да не настрадам“.

Во една пригода Мирко откри дека не планира да се пресели во Тител, родното место на неговата сопруга, како што направи Вељко Ражнатовиќ.
Парот живее во белградската општина Сурчин.

Вељко Ражнатовиќ и сопругата Богдана
Прочитајте и Животот на Вељко Ражнaтовиќ и Богдана - имаат 3 сина, гламурот на Белград го заменија со живот на село и фарма
Инаку, парот периодов ужива на одмор, а Бојана објави фотки на кои се гледа дека и по две бремености изгледа одлично.
