Тврди дека не го оперирала носот, ја зголеми устата - Колку се смени Рада Манојловиќ од почетокот на кариерата?
- Детали
- петок, 29 август 2025
Единствената корекција која Рада ја призна јавно е онаа на забите, кои денес ѝ се рамни и совршено бели. Колку се смени изгледот на пејачката од 2003 година до денес?

Српската пејачка Рада Манојловиќ (40) која се прослави преку „Ѕвездите на Гранд“, денес изгледа одлично - згодно тело, совршени усни, бисерно бели заби...
Но, на почетокот на кариерата, Рада беше сосема поинаква - имаше крив нос со нагласена коска, тенки усни, заби вовлечени навнатре.

Пејачката низ годините честопати велеше дека е поборник за природен изглед и дека нема ништо поубаво од тоа, но сепак, реши да коригира некои делови од телото.
Најголемата промена е нејзиниот нос, иако таа тврди дека не го оперирала.

На фотографиите од нејзината аудиција, на која има 18 години, се гледа дека носот ѝ е голем крив и со нагласена коска.
Тој ни денес не е идеален - и понатаму е малку крив на страна, но делува многу попривлечно.

И покрај тоа, Рада не ја признава операцијата. Таа на Твитер сподели своја фотка, па напиша:
„Еве, тука можете да видите како мојот природен нос оди кон лево. За тие што тврдат дека сум го оперирала - па не би го сменила за жива глава, но за сто дукати. Па каде ќе најдете посовршено од ова?“

Пејачката пред неколку години ги зголеми и усните. Брзо потоа нејзина пријателка го потврди тоа за српските медиуми.
Таа вели дека добила порака од Рада во која пишувало: „Ја зголемувам устата. Нема многу. Ќе барам од докторот да ја направи што поприродна“.
