Ќерката на Харис Џиновиќ се фали со раскошниот живот, стави силикони, беше со светски познат боксер на вечера
- Детали
- среда, 03 септември 2025
Откако стави силикони, 21-годишната ќерка на фолк-пејачот, ја користи секоја можност да ги истакне новите гради и на повеќето фотографии што ги објавува носи тесни корсети.

Џина, ќерката на фолк-пејачот Харис Џиновиќ и модната креаторка Мелина, веќе некое време живее во Монако.
21-годишната девојка студира таму, но истовремено ужива и во луксузот и раскошот што ги нуди овој град.

Но во јавноста, таа стана препознатлива по полуголите и провокативни фотки и видеа што ги споделува на Инстаграм и ТикТок, како и по тоа што се фали со раскошот во кој живее, со скапата облека, патувањата, како и по козметички процедури на лицето и телото.

Во јавноста велат дека таа е разгалена, дека мајка ѝ ѝ дозволува сè што ќе посака, за да надополни за фактот дека не била покрај неа додека Џина растела, а дека Харис одамна кренал раце од неа.

Периодов Џина е повторно во центарот на вниманието, откако стави силикони во градите.
Таа сега ја користи секоја можност да ги истакне новите гради, па на повеќето фотографии што ги објавува, носи тесни корсети, кои дополнително ги нагласуваат.

Ова не е првата естетска корекција на Џина. Таа одамна призна дека ги зголемува усните, но и дека направила процедура за пополнување на дупките во колковите, позната како hip dips.
„Непријатна процедура, но вреди“, рекла таа во една пригода.

Но, Џина не признава дека го коригирала носот, иако при споредба на фотките од пред неколку години и сега може да се забележи дека е поинаков.
Таа неодамна се пофали и дека била на вечера во Монако со светски познатиот боксер и јутјубер, Џејк Пол.

Фотката ја сподели на Инстаграм Стори, а регионалните медиуми пишуваа дека Пол бил воодушевен од ќерката на Харис.