Се вљубил во неа кога имала 17 години, мајка ѝ страдала: Кој е сопругот на Маја Беровиќ (38), некогаш камионџија, денес бизнисмен?
- Детали
- понеделник, 15 септември 2025
„Доаѓаше на секој мој настап и сè завршуваше со погледи, бидејќи имав само 17 години. По некое време сфативме дека не можеме така и многу брзо одлучивме да живееме заедно, што беше тешко да ѝ соопштам на мајка ми, која е самохрана...“, изјави во една пригода Маја Беровиќ за својот сопруг Ален, кој ѝ помогнал финансиски за првиот албум.

Пејачката Маја Беровиќ, по потекло од Босна и Херцеговина, уште од 17-годишна возраст е во љубов со бизнисменот Ален Драгосав, со кого го има синот Лав.

Маја го запознала својот сопруг на нејзините настапи, а Ален бил редовен гостин во еден локал каде што таа пеела.
За својот сакан Маја за регионалните медиуми во една пригода изјави:
„Доаѓаше на секој мој настап и сè се завршуваше со погледи, бидејќи имав само 17 години.

Бев малолетна и лудо заљубена во човекот што доаѓа на моите настапи.

По некое време сфативме дека не можеме така и дека премногу ни е грижа за сè да остане само на платонска љубов.

Многу брзо одлучивме да живееме заедно, што беше тешко да ѝ го соопштам на мајка ми, која е самохрана и за која разделбата со женско дете толку рано беше болна.
Сепак, таа не застана на патот на мојата среќа.
Свадбата ни беше во 2016 година во православна црква во Грција, а моето венчавање не беше баш така како што велат – 'тајно'.
Јас ништо не сум криела од никого, едноставно, немав потреба да најавувам на сите страни дека се мажам.
За Родос се одлучив затоа што за мене тоа е едно од најубавите острови во Грција и затоа што таму има православна црква. Ние имавме желба да се венчаме во православна црква.

Инаку, Ален ми помогна и финансиски и морално за да го објавам мојот прв албум.

Сега, сум личност која сама вложува во својата кариера.

