Ѕирнете во домот на Огњен и Мина Амиџиќ – го реновирале за 100.000 евра, луксузно опремен со многу скриени светла
- Детали
- вторник, 23 септември 2025
Луксузна бања со романтична атмосфера со цвеќиња, високи плафони, скриени светла насекаде, домашно кино во дневната соба уредена со неутрални бои и дрво - Огњен Амиџиќ и Мина дале 100.000 евра за реновирање на домот од соништата каде живеат со синот Перун, но има место и за ќерката што ја очекуваат, како и за синот на водителот од бракот со Данијела.

Огњен Амиџиќ и неговата сопруга Мина живеат во домот на водителот во населбата Дорќол во Белград, кој луксузно го опремија и реновираа, па се преселија по раѓањето на нивниот прв син Перун минатата година.
Една година подоцна, тие го очекуваат и нивното второ дете, кое ќе биде девојче, а во домот има доволно место за сите деца, вклучувајќи го и првиот син на Огњен, кој го има од бракот со Данијела Димитровска.
Мина честопати споделува фотки на Инстаграм каде се ѕиркаат кадри од нивниот дом во срцето на Белград, за кој српските медиуми пишуваат дека платиле 100.000 евра за да го реновираат по заеднички вкус.
Во станот доминираат светли и неутрални бои, мебел од дрво, висок плафон со греди, но и скриени светла на многу места.

Во дневната соба имаат голема светлокафеава гарнитура, високи завеси во бели и кафеави тонови, дрвена маса со интересен облик, голем телевизор и гитара, а семејството ужива во времето поминато таму.

Детската соба е украсена со ѕид на кој е нацртано мече со облачиња, а има и телевизор на кој сите деца ги гледаат омилените цртани филмови.

Бањата им е луксузно уредена, исто така со неутрални бои и скриени светла кои создаваат пријатна атмосфера, украсена е со цвеќиња, а има голема када и црни чешми.
Во продолжение погледнете повеќе фотки кои Мина ги има објавувано од домот на Инстаграм Стори:


