„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата болка како мајка
Таа додала и дека нејзиниот Јаков не си игра со други деца, затоа што никој не го вика.
„Порано каневме децата во дворот за да си играат заедно, но тој секогаш беше сам на трамболината. Не знае да зборува, не знае да игра, но знае да скока на трамболина.
Но, потоа ги влечеше децата, а тие врескаа. Беше мачно да се гледа. Престанавме да викаме луѓе, а и тие престанаа да се јавуваат“, раскажала Маријана.
Таа рекла дека Јаков не е единственото нејзино дете на кое мора целосно да му се посвети, зашто синот Иван има ADHD.
„Се обидуваме да бидеме тука и за другите деца. Иван е веќе голем човек. Се обидуваме да седнеме навечер и малку да разговараме. Сè уште е во фаза на развој.
На Андрија многу му значи кога гледам нешто со него, па гледав серија што ме уби во поим, но нему му е важна.
Иван има ADHD, и имаше вистински проблеми кога се запиша во средно училиште, па затоа му бев дополнително посветена во тоа време.
И бев сама, бидејќи мојот сопруг беше во Германија. Тоа беше навистина тешко време“, рекла Маријана, која публиката ја памети по улогите во сериите Mrtve ribe, General и Lud, zbunjen, normalan.
Таа открила дека за неа најлошиот период бил кога на Јаков му дијагностицирале аутизам, па тие го продале станот и купиле куќа.
„Тогаш дојде и до голема криза во бракот, потоп, а заминувањето на мојот сопруг на една година ме дотолчи.
Немав време да земам здив, а во истиот момент морав пак да се нурнам. Целосно се распаднав од тоа што морав да правам толку многу одеднаш.
Се адаптирав и правев да се чувствувам добро со сила, зашто ако јас не сум добра, ни моите деца нема да бидат“, рекла актерката.
Погледнете го видео-интервјуто:
https://www.youtube.com/live/C_4iQ6Z7_Xo?si=TsBABNDXhlpmxl2u
А. Ј. | Црнобело
