Сузана Манчиќ со потресна исповед: „Интимното видео го преживеав потешко од смртта на синот“
- Детали
- недела, 16 ноември 2025
„Го родив мојот прв син во шестиот месец и го изгубив по два часа. Кога се роди детето, педијатарот ми рече: ‘Немој да се надеваш’. Ѝ бев благодарна на докторката што ми кажа толку отворено, што не ме залажуваше“, вели Сузана Манчиќ во емотивното интервју.

Најпопуларната лото-девојка во некогашна Југославија, Сузана Манчиќ, на 68 години и понатаму привлекува внимание како и во младоста, кога сите ја обожаваа.
Иако во јавноста е секогаш насмеана и расположена, нејзиниот живот го одбележаа неколку трагедии, загубата на три деца (едното по раѓањето и две во спонтани абортуси), како и скандалот со секс-видеото на кое е со својот поранешен сопруг, Небојша Куниќ.
Токму за оваа интимна снимка кажа дека ѝ била толку голем товар, што го преживеала потешко од загубата на својот син, а кој починал околу 2 часа откако се родил.
Сето ова Манчиќ го раскажа во својата интимна исповед за Блиц ТВ.
„Сакам да го заборавам тој период од мојот живот, но не можам! Тоа е најстрашното нешто што ми се случи...
Не излегував на улица. Роднините ми носеа леб, децата не одеа на училиште. Тоа беше најтешкиот момент за мене, бидејќи го изгубив достоинството.
Луѓето дотогаш ме сакаа, а потоа ме гледаа со гадење. Не бев виновна за нешто за да трпам јавен линч, јавноста ме осуди, многу плачев. Но, времето си го направи своето и некако го надминав“, вели Сузана.
Таа кажува дека сето ова, кое се случуваше во 2005-та година, сега е зад неа и дека научила да се носи со ситуацијата.
„Таа случка ме запре во сè, но се соземав и сега ми се чини како да сум сонувала. Секој тежок животен настан ме натера да се соземам, да видам која сум и што сум, и да продолжам понатаму.
Имав тешки моменти во животот: загубата на моите родители, развод, изгубив три сина, но сепак, најтешкото нешто за мене е тоа спорно видео што исплива јавно“.

Сузана потоа низ солзи зборува и за смртта на својот син, првото дете што го родила.
„Го родив мојот прв син во шестиот месец и го изгубив по два часа. Кога се роди детето, педијатарот ми рече: ‘Немој да се надеваш’.
Во тие ситуации, човек мора да биде силен. Ја ценам искреноста и ѝ бев благодарна на докторката што ми кажа толку отворено, што не ме залажуваше.
Досега ќе имав три сина, но имав спонтани абортуси... Јас сум некој што ги потиснува лошите работи и лошите спомени. Тоа е судбината на жената, таа победува и губи, но само треба да гледа напред и да се помири со загубата.
После тоа, добив ќерка, Теодора, а потоа уште една ќерка, Наталија, која се роди во Москва, предвреме, во седмиот месец, и беше во болница два месеца. Моите ќерки се прекрасни и можам да кажам дека сум среќна жена“, заклучила Сузана.

Погледнете го целото интервју:
А. Ј. | Црнобело
