На 19 години има естетски корекции, љубеше син на белградски милионер - Што знаеме за помалата ќерка на Здравко Чолиќ?
- Детали
- вторник, 09 декември 2025
Помалата ќерка на Здравко Чолиќ, пред неколку години беше мета на осуда кога, иако малолетна, објави фотка со чизми кои чинат околу 2.500 евра. Што знаеме за Лара Чолиќ?

Здравко Чолиќ е човек кој се труди својот приватен живот, особено семејството, да го заштити од јавноста.
Тој скоро никогаш не објавил фотографија со ќерките Уна и Лара, а и сопругата Александра ја штити така што ретко зборува за неа.

Сепак, откако неговите ќерки почнаа да растат и да споделуваат фотографии на своите социјални мрежи, за нив почнаа да се пишуваат статии во српските медиуми - од изгледот, преку нивните дечковци, до патувањата на кои одат.
Пејачот, пак, во неколку интервјуа кажал дека ќерките му се разгалени и дека причината за тоа е можеби и фактот што не бил покрај нив додека растеле, заради концертите и кариерата, па сега им дозволува сè.
За Уна, која е постара, се знае повеќе, додека Лара засега е помистериозна, па ни самата не открива многу детали од својот живот.

Што знаеме за помалата ќерка на Здравко Чолиќ?
Лара има 19 години и за разлика од сестра ѝ, бега од папараците.

Медиумите пишуваа дека иако има само 19 години, таа веќе некое време има и естетски корекции на лицето.

Лара веќе подолго време става хијалурон во усните поради што ѝ се значително поголеми од порано.
Таа, наводно, неодамна направила и корекција на носот, но не со операција, туку со вбризгување хијалуронски филери за да стане поширок и да ѝ даде симетрија на лицето.
За Лара се знае дека беше во врска со Андрија Ѓорѓевиќ, син на белградски бизнисмен-милионер, кој е сопственик на ланец теретани.
