Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“
Јас сум јавна личност и морам да имам социјални мрежи, но ми е смешно што некој помисли дека сум измислила дечко.
Во основа, вината е на мојот пријател Марио Томас, кој е уште полуд од мене. Тој го разгоре тој оган уште повеќе. И јас сакав да се пошегувам, но повеќе тој“, признала Ава.
Во меѓувреме парот го дочека заедно католичкиот Божиќ, а Ава сега се пофали и со свршенички прстен.
„Реков да“, напиша таа.
За свршеникот на Карабатиќ не се знае многу, но таа призна дека бил во затвор.
„Се запознавме случајно. А јас верувам во љубов на прв поглед. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, рекла таа.
Ава вели и дека би сакала да има деца со него, особено што таа идеја ѝ делувала реална, откако пред неколку дена направила тест за бременост, кој се покажал позитивен, но брзо потоа ес испоставило дека станува збор за лажен резултат.
„Би сакала да забременам, можеби следната година“, рекла таа.
А. Ј. | Црнобело
