Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за операцијата“
Сама ја преведов и медицинската документација. Инаку ќе чекав долго.
Сама му пишав на докторот и тој брзо одговори.
Еден од понудените термини беше на нашиот Божиќ.

Не се сеќавам за што разговарав со таа жена во болничката соба, ниту дали таа беше свештеничка, ниту од која црква.
Ја испратија како утеха.
Бев многу осамена таа ноќ.
На Бадник.

Но Бог помогна, здружен со современата медицина.
Сè помина добро.
Но стравот остана уште некое време.
Од Германија си заминав со силна главоболка, но со стент кој цврсто стоеше таму каде што треба.

Оттогаш речиси сè се промени!
На подобро!
Но процесот на мојата лична трансформација беше долг и болен!
Беше тешко во секој поглед.
И имаше ниски удари од блиското опкружување, и покрај страдањето кое и онака ми беше доволно!
Очигледно мораше да се научи дека не се сите луѓе добри и дека не треба да се има толкава доверба!

Но, помина!!!
И сега сум многу подобро и многу подобра од порано.
Дури сум и поубава.
Смирена, тивка!
Јасно ми е.

И кога ќе се фатам себеси дека ме нервираат глупости, треба да се сетам на тие месеци од октомври 2013 до 7 јануари 2014.
Фала му на Бога, фала му на животот и среќен Божиќ на сите!
Нека донесе радост и нека однесе бол.
Христос се роди!!!
С. С. | Црнобело
