Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за операцијата“
- Детали
- петок, 09 јануари 2026
Снежана Дакиќ пред 12 години имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германија, со цел да се спречат тешки и опасни последици по нејзиното здравје. „Во болничката соба имаше телевизор, а на еден од каналите се прикажуваше снимка на некаков вид олтар...“, ја започнува таа својата емотивна исповед.

Српската водителка и писателка Снежана Дакиќ имала сериозна операција на мозочните крвни садови пред 12 години, а сега за тој тежок и емотивен период од животот проговори на својот Фејсбук профил.
Инаку на Снежана ѝ бил вграден стент во крвните садови што водат кон мозокот – интервенција што се изведува кога постојат проблеми со протокот на крв или зголемен ризик од мозочен удар.
Станува збор за сложена хируршка постапка.
Операцијата ја направила во 2013 година во болница во Есен (Германија), бидејќи во тој период таков зафат не можел да се изведе во Србија. Интервенцијата била закажана токму на Божиќ.
Како што самата има раскажано, зафатот бил многу специфичен и ризичен, изведен под општа анестезија и со прецизна контрола на скенери, бидејќи крвните садови биле комплицирани, „извртени“ и сместени длабоко во коските на черепот.
Значи, не се работело за обична операција, туку за комплексна интервенција на мозочните крвни садови, со цел да се спречат тешки и опасни последици по нејзиното здравје.

Нејзината исповед:
„Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога операцијата што ми беше закажана за Божиќ да помине успешно.
Во собата имаше телевизор, а на еден од каналите се прикажуваше снимка на некаков вид олтар.

Ми испратија духовна утеха. Тоа беше жена што го зборуваше нашиот јазик. Не беше калуѓерка. Нешто како верска службеничка. Свештеничка.
Претпоставувам дека често имале пациенти од поранешна Југославија, па таа го „покривала“ тоа говорно подрачје.

Бев исплашена. Се разбира!
Стравував веќе три месеци, бидејќи исходот на мојата компликација беше непредвидлив. Немаше индикација за операција. Но сè се разреши побрзо отколку што предвидуваа.
Бев дисциплинирана...

И конечно дојде и тој ден – стигнав во најдобрата клиника за ендоваскуларна хирургија.
Истражувањето каде и кај кој доктор ќе одам го направив сама.
Во нашата земја никој не знаеше да ја изведе таа интервенција.
А немаше ни стентови „на лагер“.

