Помалиот син на Лепа Брена ужива на Тајланд, додека постариот, кој беше киднапиран како дете, се повлече од јавноста
Инаку, Виктор е помалиот брат на Стефан Живојиновиќ, чиј случај со киднапирање го вознемири регионот пред повеќе од две децении.
Стефан Живојиновиќ, кој е роден 1992 година, беше киднапиран од криминална група (јавно позната како „земунски клан“) на 23 ноември 2000 година пред семејниот дом на Брена и Боба во Белград.

Стефан (33) тогаш имал околу 8 години, бил држен пет дена во заробеништво и бил ослободен по плаќање откупна такса што медиумите ја проценија на повеќе од 2 милиони германски марки.

Инаку, Стефан Живојиновиќ накратко се обиде да изгради музичка кариера, но таа не траеше долго.

Тој објави неколку песни и се појавуваше во медиумите, но брзо сфати дека музиката не е патот по кој сака да продолжи.
Јавно изјави дека притисокот и споредбите со мајка му Лепа Брена се премногу за него.

Тој вели дека пораснал во сенката на мајчината слава, па свесно одлучил да се повлече од музиката и да изгради кариера во бизнис-секторот, со цел да создаде сопствен идентитет.
Оваа одлука наиде на различни реакции, но тој повеќепати истакна дека личната слобода и приватност му се најважни.


Последна фотографија од него во медиумите ТУКА.
С. С. | Црнобело