Помалиот син на Лепа Брена ужива на Тајланд, додека постариот, кој беше киднапиран како дете, се повлече од јавноста
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
И додека видно ослабениот Виктор Живојиновиќ (26) ужива во животот и јавно на Инстаграм покажува каде шета, постариот Стефан Живојиновиќ (33), кој беше киднапиран на 8 години и спасен со огромен откуп, иако се обиде со музичка кариера, денес се крие од очите на јавноста.

Виктор Живојиновиќ (26), син на пејачката Лепа Брена и поранешниот тенисер Слободан Боба Живојиновиќ, ужива на одмор Тајланд.

Тој на социјалните мрежи откри како го поминува времето таму.
Виктор на оваа дестинација галеше младенче тигар. Влезе во кафезот и си играше со дивото животно, а потоа се дружеше и со младенче слон.
Инаку, Виктор е видно е ослабен.

Кликнете на видеото:
Тој во минатото имаше проблеми со вишокот килограми, за што отворено зборуваше.
Откри дека во еден период имал дури 163 килограми, a за тоа зборуваше и Брена.

Лепа Брена во една пригода за него изјави:
„Боба и јас постојано подготвувавме вечери уште додека децата беа мали и затоа Виктор стигна до бројката од 163 килограми. Многу патев поради тоа! Ми беше толку тешко што плачев“.