Прво обраќање на Милица Тодоровиќ по скандалот: „Никој не праша како сум јас, 3 дена поминувам низ пекол“
Разбирам дека постојат силни емоции. Исто така, ја разбирам болката на другите луѓе.
Но, морам да кажам дека и мене ме боли. Боли кога се зборува за тебе без одговорност и кога се кажува нешто што не е вистина.
Кога твојот живот се сведува на наслови. Кога се заборава дека си пред сè човек, жена, мајка.
Мојата реалност денес не се ниту приказни ниту претпоставки, туку борба да бидам доволно силна за да бидам тука за детето.

Во целата таа врева, ретко кој се запраша како сум јас.
Жените кои родиле ќе ме разберат - затоа што знаат колку е тежок, кревок и емотивен период, дури и кога имаш мир. А јас го немав.
Од мојата 15-та година сум во јавноста и никогаш не сум се криела зад лага. Денес би можела да кажам многу.
Но, бирам да верувам дека времето секогаш ќе покаже што е вистина, а што лага. И дека секоја приказна има и друга страна, онаа што ќе ја раскажам кога ќе бидам подготвена.

Во овој момент, мојот единствен фокус е на детето и закрепнувањето.
Искрено ве молам сè друго, сите приказни, толкувања и непроверени информации да престанат. Не за мене. Туку заради малиот живот кој штотуку започнува и заслужува мир.
Ви благодарам на сите што покажавте разбирање, топлина и човечност.
Милица

За потсетување, Љубица М. за Пинк.рс откри дека нејзиниот сопруг има афера со пејачката, за која таа дознала пред еден месец.
Таа кажала и дека тие се 19 години во брак и имаат две деца, но и дека тој не сака да се разведат.

Прочитајте и Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри аферата
А. Ј. | Црнобело
