Прво обраќање на Милица Тодоровиќ по скандалот: „Никој не праша како сум јас, 3 дена поминувам низ пекол“
- Детали
- сабота, 07 февруари 2026
„Не поминаа ни три дена од породувањето, а наместо да го гледам нашиот син Богдан во тишина и да учам како да бидам мајка, од мојот болнички кревет поминувам низ стрес и притисок што ниедна жена никогаш не треба да го доживее во тие моменти“, напиша Милица во своето прво обраќање по скандалот.

Откако во јавноста вчера се огласи сопругата на мистериозниот маж со кого Милица Тодоровиќ доби дете, и ја откри аферата која трае околу една година, пејачката преку Инстаграм Стори одлучи да се обрати до јавноста и да каже дел од својата приказна.
Таа објави фотки на кои се гледа бебето легнато во креветчето во болница, а неговиот лик и голем дел од неговото тело се покриени со текстот кој го напиша и во кој истакна дека поминува низ голем стрес, што ниедна жена не треба да го доживее, особено по породувањето.

Нејзината објава гласи:
„Драги мои, нашето дете е старо три дена.
А јас ги поминувам сите три дена како вистински пекол.
Во животот на секоја жена има моменти кога ѝ треба само едно нешто - мир.
Да се опорави. Да си дојде на себе. Во тишина да го запознае своето дете.
Мене тие моменти не ми се дадени.

Не поминаа ни три дена од породувањето, а наместо да го гледам нашиот син Богдан во тишина и да учам како да бидам мајка, од мојот болнички кревет поминувам низ стрес и притисок што ниедна жена никогаш не треба да го доживее во тие моменти.
Тој притисок имаше сериозни последици на моето здравје, последици со кои сè уште се борам.

Станав мајка во околности што не се едноставни. Тие не се ниту црни ниту бели.
И не бегам од таа вистина и не лажам. Но, она што денес се зборува за мене не се факти, туку приказни, претпоставки и туѓи видувања.
Зад тие зборови стои една жена која се породила и која мора да го носи сето тоа на свој грб.
За сè што се зборува денес, сакам еден ден - кога ќе бидам подготвена за тоа - да се обратам на јавноста мирно, јасно и со факти.

