Ања Бла ужива во Истанбул, откако му го запалија џипот на Бака Прасе, а новата девојка го фали јавно
Во меѓувреме новата девојка на Бака Прасе, Милена, одговараше на Инстаграм на прашања поврзани со нивната љубовна врска.

Милена открива:
„Со Бака Прасе се запознавме во 2020 година во ресторан на тврдината во Нови Сад.
Се сретнавме на деловен состанок.

Јас дојдов со другарка, а тој со своето друштво.
Во тој период беше планирано да водам своја ТВ емисија, инспирирана од Лара Крофт и да има и сегмент каде водам временска прогноза.

Навистина ми беше, а и уште ми е тешко, да се навикнам на животниот стил на Бака Прасе и на работата што ја работи.
Инаку, Богдан навистина би сакала како личност сите да можете да го видите преку моите очи. За мене е најдобар на светот!



Инаку, З. Р. (23) беше уапсен поради сомнение дека во Белград му го запалил возилото марка „Mercedes-Benz Brabus“ на Бака Прасе.
На осомничениот З. Р. му е одредено задржување до 48 часа, во кој законски рок ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Белград.
